Жежок ден со шанса за дожд попладне

olimpiski

Денеска е петок, 24 јуни 2016 година, 176-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 190 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 59 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути.

Денов трае 15 часа и 14 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 22 часот и 55 минути, а ќе зајде во 8 часот и 57 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Утринската темепеатура ќе достигне до 21, а дневната до 37 степени.

Во сабота ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Од недела во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.

Коментари

Популарно