Денеска многу дожд, за викендов...

meteo23.09.2014--630x419

Денеска е петок, 7 октомври 2016 година, 281-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 85 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 36 минути, а ќе зајде во 18 часот и 6 минути.

Денов трае 11 часа и 30 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 12 часот и 15 минути, а ќе зајде во 22 часот и 15 минути.

Временска прогноза

Под влијание на влажен бран од Медитеранот ќе има врнежи од дожд, особено доцна попладне и во вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни (над 25л/m2) Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура од два до девет, а дневната од 14 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура шест степени, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во деновите од викендот ќе преовладува стабилно време, во сабота променливо облачно со сончеви периоди, а во недела сончево со умерена облачност и малку потопло. Потоа во првите два дена од наредната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд со послаб интензитет.

Коментари

Популарно