(ФОТО) Дејан е убиецот на сопственикот на вилата во Србија – Го застрелал па си ги пресекол вените

1908361_247403572136282_3799371902630564766_n

Причината за трагедијата во вилата „DND“ на влезот во Ниш, засега не е позната. Засега е познато дека рецепционерот Дејан Јовановиќ го усмртил својот работодавец Дејан Дејанчиќ, а потоа се застреал себе си. Лекарите од Нишката Неурохируршка клиника се борат за животот на Јовановиќ.

deki-jovanovic-620x350

Ден по крвавата драма, комшијата во Железничката улица за Јовановиќ имаат само пофални зборови. Велат дека буквално живеел за таа работа, и дека таму постојано го поминувал поголемиот дел од времето. Живеел во куќа заедно со сестра му, зетот, и нивните две деца.

„Кај куќата не го ни гледавме. Работеше пред оваа работа како таксист, и секогаш го знаевме како пристојно момче“, велат за Вечерни новости комшиите кои веруваат дека мора да постои некој силен мотив да Дејан дигне рака на некој друг. Додаваат дека не бил склон на агресивно однесување.

10547715_247403535469619_2442611030070685837_n

Сестрата Гордана е во шок. Се обидела да го убеди Дејан да се предаде на полицијата, но тој останал нем зад затворените врати од хотелот.

„Ништо не можам да ви речам и самата не знам што се случило. Не сум во состојба да ви кажам било што. Стравувам дали ќе преживее. Единствено тој може да ни помогне да ова убиство се расветли, затоа што тој само знае што го мачело“, вели несреќната жена.

Коментари

Популарно