ФОТО: Срби го сменија името на селото и ракијата во чест на Путин

Жителите на селото Хаџинце во Југоисточна Србија донеле одлука името на селото да го сменат во Путиново, во чест на рускиот претседател.

putinovo2_facebook

Старото име на селото потекнува од времето на турските власти и на локалните жители никогаш не им се допаѓало. По гласањето, селаните една недела работеле на новиот знак на влезот на селото. Знакот е направен од огромна дабова штица на која е изрезбано името на селото - Путиново.

putinovo_facebook

Во интервјуто за порталот БалканПро.ру локалните жители велат дека наместо традиционалните ракии од слива и кајсија, селаните сега произведуваат еколошки чиста ракија „путиновача“.

Коментари

Популарно