ВИДЕО: Самохрана мајка, сама цепи дрва и копа за да ги прехрани својте десет деца

Билјана Кокиќ (32) од Брод е самохрана мајка на десет деца, и секој ден треба да обезбеди најмалку 33 оброци.

11

Пет деца одат во училиште, па за нив потребен е училишен прибор и хигиенски сретства до кои тешко се доаѓа. Сега се подстанари, но не ја плаќаат станарината. Билјана се надева дека ова не е трајно решение.

– Сепак има надеж дека ова семејство ке дочека да има свој кров над главата- кажале од општината.

Во семејството Кокиќ има 13 години и со мајката го поднесува најтешкиот терет.

– Таа се грижи за своите деца, ги води во училиште, помага околу домашните задачи и пред се таа е одлична ученичка – вели Надежда Ристановиќ, психолог во ОУ „Свети Сава“ од Брод. На семејството Кокиќ им помагаат и наставниците од школото. Почнале акција за петте основци за да им обезбедат по еден оброк дневно во училиште. Сепак, тие сонуваат за свој кров над главата.

-Најтешко е да се дојде до пари, бидејки кога и да работиш чесна работа обично заработуваш минимална плата. Затоа работам се, од цепење на дрва до копање на канали- раскажува самохраната мајка.

Посакувам моите деца да имаат свој кров над главата- вели Билјана. Семејството прима 250 босански КМ, месечно и детска заштита, бидејки две деца имаат пречки во развојот.

Општината од републичкото министерство за бегалци и раселени лица бара за ова семејство да се изгради стан од 80 квадратни мерти.

biljana-kokic-2

– Во склопот на стамбената зграда, една стамбена единица најголема површина би добила семејтсвото Кокиќ.

Изградбата на станот за фамилијата Кокиќ треба да почне наредната сезона.

Коментари

Популарно