Србија во шок: Откриени нови детали за атентатот на Зоран Ѓинѓиќ

Србија остана во шок откако српски Курир отрки шокантни информации поврзани со убиството на поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ.  Според „Курир“, Марко Милошевиќ, синот на поранешниот претседател на Србија, плаќал дури пет милиони долари за ликвидација на премиерот.

Сето ова се случувало по 5 октомври 2000 година кога Слободан Милошевиќ беше симнат од власт. Овие сознанија пред Специјалниот суд во Белград ги изнел Зоран Вукојевиќ – Вук. Тој тврди дека Марко имал подготвено пари за атентатот на Гинѓиќ.

Во 2003 година беше извршен атентатот врз премиерто на Србија, Зоран Ѓинѓиќ, а како нарачател на убството беше обвинет Милорад Улемек Легија, а извршител Звездан Јовановиќ.

Коментари

Популарно