Боба Живојиновиќ: Брена пие повеќе од мене!

Слободан Боба Живојиновиќ, сопругот на Лепа Брена и некогашниот тениски ас откри дека во семејниот дом има вински подрум.

Ова катче за хедонисти, каков што е и Боба, се уште не е готово. Боба вели дека подрумот го адаптирал за своите потреби и во него има вина од неговата колекција, но и од сите земји на светот во кои патувал заедно со сопругата и синовите.

Тој во една пригода изјави дека знае да потроши и по неколку илјади долари за шише добро вино.

Боба на прашањето дали подрумот е заклучен со оглед на тоа што има три сина кои постојано собираат друштво, Боба низ смеа вели:

- Подрумот не е заклучен, иако Брена повеќе од мене пие вино. Во куќата често имаме забави, но и доволна количина вино. Познато е дека кај нас се подготвува добра храна, па со неа мора да има и добро вино.

Коментари

Популарно