По четврти пат Петар Рупески го извади крстот од осветените води на Охридското Езеро

Петар Рупески од Варош беше најсреќен и најумешен од стотината верници кои утрово го фаќаа светиот крст во осветените води на Охридското езеро. Тој годинава по четврти пат успеа прв да стигне до крстот.

Настанот за одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и годинава го следеа неколку илјади граѓани. Како што беше најавено, среќниот фаќач на крстот од страна на црквата добива подарок крст, а од локалната самоуправа икона.

Прославувањето на Богојавление во Охрид продолжува на локалитетот Сараиште каде традиционално се спроведува масовно крштевање во водите на езерото.

Празнувањата по повод богојавленскиот водосвет во Охрид традицонално продолжуваат и утре, со славењето на празникот Свети Јован Крстител или во градот уште познат како денот на рибарите, вид потсетување на традицијата на капење на рибарите на денот кога се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на риболов.

Коментари

Популарно