(ВИДЕО) Балкански пештерски човек: Жарко веќе 8 години живее во карпи и нема намера да го менува својот живот

Во близина на Зеница, 60 – годишниот Жарко Хргиќ дочека седма зима во пештера кај Бабина река, која порано била магацински простор за блискиот каменолом. Некогаш имал нормален живот и семејство. Сега единственото друштво му се неговите кучиња за кои се грижи.

Жарко некогаш работел во Железара, но потоа следните 20 години заминувал во Германија, од каде постојано го враќале во Босна и Херцеговина поради илегален престој и работа во Европа. Од сопругата се развел пред 30 години, а има и син со кој не е во контакт. Својот стан во Зеница го изгубил по војната и затоа живее вака.

Сега на Жарко друштво му прават кучињата кои ги чува пред својата пештера. Иако се големи студови, тој секојдневно оди во градот по храна по што се враќа во својот „дом“. Како што вели, живејќи на вакво место едноставно сакал да се тргне од луѓето.

-Ова место го пронајдов пред 30 – тина години. Кога живеев во градот поминував покрај ова место затоа што во непосредна близина одев на бањање“, раскажува Жарко.

Во овие краишта зимите се сурови, но нему не му пречат ниските температури иако живее покрај река. Огин не ложи, освен кога сака да свари кафе или некое јадење.

-Во зимо е подобро да се живее во пештера отколку на пролет или есен. Единствениот проблем ми прави водата во пештерата. Внатре е топло. Каменот е специфичен, затоа што во зима е топол, а во лето ладен“, кажал Жарко.

Луѓето на различен начин му помагаат на овој човек Покрај домашното население, на Жарко помош му праќаат и луѓето од дијаспората.

-Храна има. Тоа што го фрлаат од месарите, јас земам и ги хранам кучињата. Тие живеат со мене. Ова е мојот дом. Јас сакам да бидам тука, да не сакав не би живеел тука. Подобро ми е затоа што вака немам никакви проблеми. Човек со човек секогаш се наоѓа во недоразбирање и тогаш е подобро да се биде сам“, појаснил Жарко.

Овој човек од Зеница напомнува дека времето го мери по зимите и напомнува дека се надева како за четири зими ќе добие пензија која барем малку ќе му ја подобри егзистенцијата.

Коментари

Популарно