ФОТО: Див таксист крши автомобили низ Скопје без да одговара!

Од мала сообраќајка до фамозен див таксисит кој крши автомобили низ Скопје. Ова е приказната на еден наш читател.

Сообраќјката се случила во центарот на Скопје, кога таксистот решил да се престрои од левата во десната лента заради патници на тротоарот, без да погледне дали има некој до него. Најпрво тврдел дека тој е во право, но кога нашиот читател решил да повика полиција, се премислил.

Се договориле да пополнат европски записник, бидејќи како што гледате штетата е мала, но набргу сфатиле дека тоа не е така едноставно и дека го кочат целиот сообраќај, па фотографирале се, вклучувајќи ја и личната карта на „таксистот“ и се договориле следниот ден да завршат работа, но...

На телефонскиот повик од оштетениот „такситот“ рекол дека не знае со кого разговара и дека не го познава. Нашиот читател немал друг избор освен да појде во полиција, каде го информирале дека лицето со кое имал сообраќајка не е регистриран таксист, туку вози со своерачно копирана табла од такси компанијата „Вардар“ и дека неговото возило не е регистрирано, што значи дека нема кој да му ја покрие штетата. Освен тоа, дознал дека истиот див таксист веќе 5 пати учествувал во слични ситуации, а возилото упорно не го регистрира.

Зошто овој човек е сеуште со ова возило на скопските улици не знаеме, но ве предупредуваме дека е таму некаде, па доколку дојдете во контакт со него, веднаш викнете полиција.

Коментари

Популарно