„Сулејман Величествениот“ беше една од најпопуларните турски серии кај нас, но и во целиот регион. Покрај Халит Ергенч, кој ја толкуваше улогата на султанот Сулејман, една од главните улоги ѝ беше доделена на актерката Мерјем Узерли, која во серијата беше султанката Хурем. Турската глумица уште во првото појавување остави силен впечаток кај гледачите, па многумина оваа серија ја гледаа само поради неа.
Да потсетиме, Мерјем наводно поради психички проблеми го напушти овој проект и веќе не сними ниту една епизода. Имено, популарната Хурем накратко се повлече од кариерата и целосно ѝ се посвети на својата ќерка Лана.
Како и многу други, актерката е прилично активна на социјалните мрежи. Посебно на Инстаграм, секојдневно поставува свои фотографии.
Многумина велат дека денес изгледа уште подобро од периодот кога се снимаше серијата.