(ВИДЕО) "Јахти самоубијци": Силна експлозија сред Црвеното море: Дали е ова најлудата поморска битка на денешницата?

Арапската коалиција под саудиска команда, која се бори против шиитските бунтовници Хути, објавила дека двајца нејзини членови загинале во напад на еден од нивните бродови во Црвеното море.

Во соопштението се наведува дека три "самоубиствени бродови" на бунтовниците им пришле на саудиските бродови од градот Ал-Худаида во понеделникот. Еден бунтовнички брод се судрил со арапска фрегата и експлодирал, предизвикувајќи голем пожар. Меѓутоа, новинските агенции под контрола на бунтовниците цитираат извори кои тврдат дека нивниот брод го погодил проектил, пишува BBC.

Во октомври Хутите биле обвинети за лансирање на проектили на американски воени бродови и цивилни логистички бродови под контрола на војската на ОАЕ. Коалицијата, која е поддржана од САД, се бори против бунтовниците од март 2015-тата година, кога го принудиле јеменскиот меѓународно признат претседател Абдрабух Мансур Хади на прогонство. Од тогаш повеќе од 10.000 луѓе биле убиени, а повеќе од 40.000 ранети, велат извештаите на ОН.

Воените бродови биле групирани во Црвеното море и Денскиот залив, со намера да ги спречат Хутите во понатамошното добавување на оружје од Иран, кој ги поддржува бунтовничките групи, но негира било каква воена вмешаност или поддршка.

"Саудиската фрегата се нашла под терористички напад, кога три самоубиствени бродови на хутската милиција патролирале заедно од пристаништето Ал-Худаид. Саудискиот брод реагирал според потребата, но еден брод се судрил со бунтовнички брод, што резултирало со експлозија и пожар. Екипажот го изгасил пожарот. Двајца членови на екипажот загинале, а тројца биле повредени", стои во соопштението на Саудиската новинска агенција.

Новинската агенција Саба, која е под контрола на Хутите, навела воен извор кој потврдил дека саудискиот брод бил на мета во понеделникот, но пишуваат дека пловилото, кога се обидело да дојде до брегот, било погодено од проектил.

Коалицијата и провладините сили се обидуваат да го стават под контрола западниот брег и да ги истераат бунтовниците од Ал-Худаид. Ваквите акции би можеле да влијаат на приливот на хуманитарна и медицинска помош, јавува Jutarnji List.

Коалициската поморска блокада и ширењето на конфликтот предизвикале хуманитарна криза во Јемен, при што околу 7 милиони луѓе гладуваат.

Коментари

Популарно