(ВО ЖИВО ЈА ПРЕНЕСУВАМЕ МОЖНАТА РЕВОЛУЦИЈА!?) Во Романија е страшно: Мајдан или Чаушеску револуција – Илјадници се на улиците во Букурешт

Околу триесет илјади Романци се собраа на Плоштадот “Викторија” во Букурешт, каде што се наоѓа зградата на владата. Тие протестираат против одобрените на итен состанок синоќа владини проекти за реформа во областа на правосудството, соопштува телевизија Џиџи24.

Протестите почнаа уште утринава кога околу илјада луѓе се собраа на плоштадот, а со завршувањето на работниот ден бројот на демонстрантите се зголеми.

Околу 6.000 луѓе излегоа на улица во западниот град Темишвар, во централниот град Брашов се собраа околу 2.500 лица, во североисточната Јаш – 5.000 лица, а во Клуј, Сибиу и Галати демонстрантите се околу 1.000.

Коментари

Популарно