Дали и денеска ќе врне?

Денеска е понеделник, 20 февруари 2017 година, 51-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 314 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 25 минути, а ќе зајде во 17 часот и 11 минути.

Денов трае 10 часа и 46 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 1 часот и 35 минути, а ќе зајде во 11 часот и 39 минути.

Временска прогноза

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од - 2 до три, а максималната од пет до 11 степени.

Во Скопје слично време со температура од нула до осум степени.

До крајот на неделата ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. утринските температури наместа ќе бидат негативни, најниски во вторник, од -6 до два степена. Под влијание на топла воздушна маса ќе бидат во покачување, исто и дневните кои во петок ќе се движат од 12 до 18 степени.

Коментари

Популарно