Сончев ден со темпратури до...

Денеска е вторник, 21 февруари 2017 година, 52-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 313 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 23 минути, а ќе зајде во 17 часот и 12 минути.

Денов трае 10 часа и 49 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 2 часот и 27 минути, а ќе зајде во 12 часот и 24 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до два степени, а дневната од пет до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер. Температурата ќе достигне до 11 степени.

До крајот на работната седмица ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Извесна промена на времето се очекува за време на престојниот викенд со повремени локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура, особено во сабота.

Коментари

Популарно