Денеска сонце и 20 степени, за викендот СНЕГ!

Денеска е четврток, 23 февруари 2017 година, 54-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 311 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 17 часот и 15 минути.

Денов трае 10 часа и 55 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 4 часот и 5 минути, а ќе зајде во 14 часот и 9 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има услови за појава на слаба утринска магла.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Скопје сончево со појава на слаба магла во утринските часови. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

И во петок времето ќе биде стабилно и суво. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла. В петок кон крајот на денот и во сабота ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на планините во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од снег. Температурата значително ќе опадне, особено во недела.

Коментари

Популарно