Ништо од викендов: Дожд и снег, од понеделник...

Денеска е сабота, 25 февруари 2017 година, 56-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 309 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 17 минути, а ќе зајде во 17 часот и 17 минути.

Денов трае 11 часа.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 5 часот и 29 минути, а ќе зајде во 16 часот и 12 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во северозападните делови од земјава (15 л/мк2). Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец кој во текот на денот ќе го смени правецот во северен.

Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје слично време, облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 8 степени.

Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а од понеделник дневната температура на воздухот повторно ќе биде во пораст.

Коментари

Популарно