Конкурс од пеколот: Дошла на интервју, а останала без орган

Индонезијката Шри Рабита им раскажала на медиумите како пред три години, за време на нејзиното одење во Катар за да се вработи, ѝ го отстраниле бубрегот.

25-годишната Шри, имено, во 2014. година пронашла агенција за вработување, а првото што ѝ го кажале, било дека ќе работи за семејство во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати. Сепак, на крајот била пратена во дом на палестинско семејство, кое живеело во катарска Доха.

Кога пристигнала, работодавецот ѝ кажал дека мора да мине низ медицински прегледи за да бидат сигурни дека нема некоја заразна болест и дека е доволно здрава за работа. Индонезијката не прашувала ништо, само направила што ѝ било кажано. Во болницата сретнала лекар на кој не му го знае името, а тоа што се сеќава е дека ѝ ставил инјекција, пренесува RTL.hr.

Кога ја одвеле во операционата сала, уште била при свест. Кога се разбудила, видела мала лузна која ја болела премногу. Имала и крв во урината, но никој не ѝ дал објаснување.

Откако била ослободена од болница, работодавецот ја одвел во агенцијата и ѝ кажал дека е болна и неспособна за работа. Со оглед на тоа дека била слаба поради операцијата и неколку пати се разболела, ја ставиле во авион и ја пратиле дома. Три години чувствувала болки во долниот дел на грбот, но не направила ништо по тоа прашање. Кога конечно одлучила да оди на лекар, дознала дека ѝ недостасува еден бубрег. Бубрегот ѝ го замениле со цевка.

"На почетокот на март ми закажаа операција за да ми ја извадат цевката. Сакам владата да ги пронајде виновниците бидејќи мојот бубрег е украден", вели Шри. Парламентот ја повикал владата да ги пронајде одговорните и на Шри да ѝ ги плати сите трошоци за лечењето, пишува OddityCentral.

Коментари

Популарно