Перверзниот професор од Србија говорел порно-реченици и на учениците им глумел сексуален однос

Додека канцеларијата за заштита на граѓаните не дојде до податоците во врска со случаите за наводно сексуално вознемирување во две средни школо во Чачак, прашање е дали некогаш би се дознало дека професорот по социологија Г.В. со непримерни сексуални алузии ги понижуваше своите ученици, пишува Ало.

Основното јавно обвинителство во Чачка, ја отфрли кривичната пријава против профеосорот со образложение дека во тој случај „не го препознава делот ке се гони по службена должност“.

„Дали треба да постои снимка од тој човек како на нашата ќерка и ги говори најголемите гадости за да обвинителството почне постапка против него?!

„Кој друг доказ треба да го прибавиме, ако тоа не се изјавите кои децата ги дадоа пред членовите на тимот за заштита на ученици од насилие“, изјави огорчениот татко на една од напатените ученички, која сега веќе е на студии.

Во Прехрамбено-угостителската школа непримерното однесување на наставниците на час е пријавено уште во 2014 година, но случајот е заташкан две години, иако три ученици и еден ученик дадоа писмени изјави за сексуално вознемирување.

Во медицинското школо во кое осомничениот наставник исто така предава, покренаа дисциплинска постапка и професорот го отстранија од наставата, но е вратен веднаш по одлуката на основното обвинителство. Ставот на директорот било тоа дека отказот за наводниот напасник „не доаѓа во предвид“.

„Директорот на Медицинскот школо во Чачак мора да се обрати на Високото јавно обвинителство во Чачак поради преиспитувањето на одлулата на основниот обвинител дека нема место за покренување на кривична постапка на пријавениот наставник.

Препораката е дека Школскиот одбор на овие две школи е да ги разреши должностите на директорот – се наведува во извештајот на заменикот за заштита на граѓаните Гордана Тодоровиќ, која изврши надзор во случаите со сексуално злоставување во две средни школи.

„Со ваквите постапки на школото учениците се изложени на повеќеструкна трауматизација и институционално злоставување, а останатите ученици во школото им се испраќа порака дека сексуалното насилие над учениците се толерира“, се наведува во заклучоците на заменик заштитникот на граѓаните.

Коментари

Популарно