(ВИДЕО) Артан Груби: Ова е добра можност да го смениме името на државава!

Артан Груби, блискиот соработник на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во телевизиска дебата изјави дека ова е добра шанса за менување на името на државата.

– Сите што сме тука и Вашингтон и Брисел знаеме дека ако Мaкедонија не го смени името во согласност со барањата на Атина, не може dа направи вистински чекор кон ЕУ и кон НАТО. Ова е една добра можност, овие резултати во Собранието можат да ни овозможат решение да го заокружиме случајот со името – вели Груби. Настапот на Груби, како човек близок до Ахмети, не смее да се анализира само како негов личен став, туку како став на целата гарнитура на ДУИ.

Коментари

Популарно