ФОТО: Амриканец им се извини на Србите за бомбардирањето во 99 година

По повод одбележувањето на 18 години од НАТО бомбардирањето, кое започна на 24 март 1999 година, Чарлс Катер, Американец кој ја обожава Србија и српскиот народ, се огласи вчера на Фејсбук  се извини поради агресијата која беше изведена на нашиот северен сосед.

„Срби, сите знаеме дека денеска се обележува 18 годишнина од НАТО бомбардирањето против вашиот народ. Би сакал да лично се извинам за делата на претседателот Клинтон и неговите соработници во НАТО, кои ја уништија вашата инфраструктура, економија и убија илјадници невини луѓе. Испраќам љубов на сите оние кои беа погодени од постапките на мојата влада. Можеби тие еден ден ќе признаат дека тогаш сториле ужасна грешка. Ве сакам“, напиша тој во првиот пост.

А потоа додаде дека ако нешто слично се повтори, тој ќе застане со српскиот народ на мостовите со назнака мета на грбот.

Коментари

Популарно