Синем Озтурк има 32 години, и е една од најбараните актерки во Турција, нејземожете да ја видите и во улога на водителка на малите екрани.
Преубавата русокоса девојка, злобната Јасемин од „Вљубениот ерген“, веднаш го привлече вниманието и кај мажите и кај жените.
Секогаш скоцкана во најнова мода, од неа дамите можат да се инспирираат за да се дотераат, и никогаш од дома да не излегуваат несредени. Мажите пак можат да и се восхитуваат на убавината секоја епизода.
Предходно гледачите имаа можност да ја гледаат во друга турска серија, „Мирниот сокак“, каде и таму играше споредна женска улога, но со добар карактер, за разлика од Јасемин која жари и пали.
Зад овие две успешни улоги се крие името на турската актерка Синем Озтурк.
Таа е родена во Истанбул и има 32 година, имаше два неуспешни бракови. Синен е диполомиран економист, таа извесно време живеела во Германија со нејзините родители, по студиите се вратила во Турција, се обучила за глума и активна е на сцената од 2004 година. Повремено се појавува и како водителка.
Инаку важи за многу позитивна личност, далеку од она што е Јасемин во актуелната серија.