ВИДЕО: Најлудиот изборен спот на кандидат за претседател на Србија

Лук Максимовиќ или познат под прекарот Бели од шала со пародична кампања успеа да привлече големо внимание на локалните избори во Србија, па дури со неговата шеговита партија успеа да освои и советнички места.

Сега, апетитите се многу поголеми и пародичната кампања продолжува со кандидатурата на Бели за претседателските избори на кои добро котира на анкетите.

Додека Вучиќ беше исмеван за хорор спотот во кој авион се руши, Бели ги освојува симпатиите со кампањата „Само јако“ и новиот спот кој во стилот на 80-тите го прикажува како акционен херој.

Коментари

Популарно