(ВИДЕО) КОГА ЉУБИМЕЦОТ НА БРЕНА СЛАВИ РОДЕНДЕН: Виктор наполни 19 години, еве како се СЛАВЕШЕ!

Лепа Брена синоќа во својата вила го прослави 19 роденден на својот син Виктор.

По изнесувањето на тортата на славеникот во прегратка му се фрлила неговата девојка која непрекинато го бакнувала, а со својата песна Аца Лукас ги размрдал сите.

На забавата не присуствувал најстариот брат на Виктор, Филип кој со својата девојка, Александра Пријовиќ е во Америка.

Инаку, откако Лепа Брена и Боба ги добиле Стефан и Виктор, во семејството Живојиновиќ постои обичај за нивните родендени да се прават големи забави, со многу храна и пиење, како и со голем број гости.

Коментари

Популарно