Со пегла му го скршила черепот бидејќи не фатил спортска повеќе од една година

Во текот на вчерашниот ден, во Сараевската брза помош стигнал повик од една жена која тврдела дека го удрила намерно својот сопруг по глава со пегла бидејќи не добил ниеден тикет во обложувалница цела година. 

Жената објаснила дека таа е уверена дека овој удар ќе му ја избистри главата на сопругот и ќе му помогне во иднина да размисли кои натпревари ќе ги типува.

Бидејќи се работело за обемно крварење, а возилото за брза помош го немало подолго време, 35 годишната сопруга Ганиба решила пешки го однела својот 39 годишен сопруг до Болница бидејќи немала пари за такси. Можете да погодите, таа последните пари му ги дала на сопругот во Саботата да си ја проба среќата уште еднаш во обложувалница.

Од Болницата информираат дека 39-годишниот Самир имал обилни крварења во главата и силен потрес на мозокот како и напукнување на черепот.

Коментари

Популарно