ВИДЕО: Зијадин Села е сместен во шок-соба, го чува полиција

Најтешко повредениот пратеник по вчерашниот инцидент во собранието, лидерот на „Алијансата за Албанците“, Зијадин Села,  е хоспитализиран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Тој се наоѓа во шок-соба, а пред неговиот оддел има полиција која го чува. Тој има тешки повреди на главата и ќе остане на третман и натамошно лекување.

На снимката што се појави на социјалните мрежи се гледа дека Села стои зад Заев, додека Влатко Ѓорчев се обидува да ги одбрани од толпата.

Коментари

Популарно