„Прв пат споделувам било што за него“: Хелена Роза откри како го славела Св. Валентин со Тоше Проески!

На вчерашниот ден 14-ти февруари, сè беше во знакот на виното и љубовта.

Од понуди за брак, романтични вечери, статуси и фотографии ги преплавија социјалните мрежи.

И поранешната ТВ водителка Хелена Роза посвети симболичен статус на својот Фејсбук по повод денот на вљубените, но наместо за сегашноста, таа го посвети на минатото, односно на моменти на кои ќе се сеќава целиот живот.

Имено, таа својата приказна му ја посвети на Тоше Проески и за прв пат пред јавноста откри како пред една ипол деценија тој и се јавил со понуда да слават заедно, но  да ја консумираат љубовта само како пријатели:

Беше точно прес 15 години на 14-ти февруари… заѕвони мојот домашен телефон. Ало… Здраво Лени што правиш? – овде Тоше. Вечер одиме во Александар Палас, сестра ти Ребека со Мики, Љиља со некој бизнис партнер од Космофон…а јас сум сам.. Андријана Будумир ми е во карантин, па сакав да те прашам дали ќе ми бидеш ти мојот партнер за Валентиново? Секако дека прифатив. Бевме на убава вечера сите заедно во палас, кога испаднавме околу 11 часот пред хотелот имаше стотина обожавателки на Тоше кои го опсипаа со мечиња, ружи и бакнежи. Да, јас имав привилегија да ја славам љубовта и виното со нашиот Тоше Проески. Инаку, ова е прв пат да споделам било што во врска со Тоше… не знам така ми дојде… и така направив. П.с испаднавме само како пријатели, само ја славевме љубовта не ја консумиравме да не бидам погрешно разбрана од некого, откри Хелена.

Коментари

Популарно