Ова се „дугховите“ што го чуваат Путин

Федералната служба за обезбедување во Русија, позната како ФСО, се смета дека е најтајна специјална организација во земјата, позатворена и од ФСБ.

Моќната служба потекнува од Деветтиот директорат на КГБ, уште од времето на Советкиот сојуз. Примарна задача на службата е безбедноста на рускиот претседател. ФСО е до толку затворена за информации што сите податоци за оваа организација во добар дел се базирани на претпоставки.

Јавноста не добива никакви извештаи за операциите на ФСО, а тоа што се знае од пишувањето на руските медиуми е малку и не се дополнува со години. Поради таквата тајност ФСО во русија се познати како „духови“.

Службата цели 16 години ја водеше генералот Јевгениј Муров, стар колега на Владимир Путин од времето кога служеле во КГБ. По неговото пензионирање, контролата на ФСО во 2016 година ја презеде неговиот заменик Дмитриј Кочњев.

Се претпсотавува дека службата има околу 50 илјади униформирани припадници, како и неколку илјади кои работат тајно. Покрај тоа, тие ја чуваат и фамозната „чегет“ – актовката во која што се наоѓаат контролите за нуклеарното вооружување на Русија.

Иако примарна задача на ФСО е да го заштитува претседателот на Русија, нејзините припадници се грижат и за безбедноста на судиите, министрите, високите функционери, а често и за заштитени сведоци.

Рускиот весник „Новаја газета“ пишува дека во ФСО има барем двајца двојници на Путин, кои се користат за егзебиции како пловење со мини подморница, летање авион и слични опасни активности.

Идентитетот на припадниците на ФСО се држи во најстрога тајност, иако руските медиуми пишуваат дека некои агенти знаат да откријат тајни преку социјалните мрежи. Сепак, таквите слики брзо исчезнуваат и веќе не може да се пронајдат на интернет.

Според порталот „Раша Бијонд“, ФСО има право да врши оперативни истраги, да прислушува разговори, да отвара писма, приведува, претресува имот и да конфискува автомобили. Под нивна контрола е секоја 12. улица во Москва.

Рускиот портал „РБК“ пишува дека во Русија се водела „војна“ помеѓу тајните служби за примат и за наклонетост на претседателот. Според порталот, ФСО издвојувал победа во „конфликтот“ над ФСБ.

Коментари

Популарно