Видео:Австралиско-Новозеландската Епархија не престануваат да ја бијат скандали.

Вчера наместо верниците да се радуваат со фрлање на крстот и осветување водите, наидоа да затворени порти и бегање на свештеникот во друга црква.. Австралиско-Новозеландската Епархија не престануваат да ја бијат скандали.

Денес на големиот Христијански празник Богојавление - Водици портите на Македонскиот Православен Храм „Св. Димитрија“ во Спрингвал, Мелбурн останаа затворени за верниците и чинот фрлање на Светиот Крст и Осветување на водите не беше спроведен. Причината за затворените порти на Црквата на овој голем празник е недоразбирањето и проблемите што ги има црковната управа со Митрополитот г. Петар и со Свештенството кое е назначено од страна на самиот Митрополит. Денес дознавме дека свештеникот Миле Талевски кој неодамна беше исратен на служба во таа црква и не прифатен од верниците си дал оставка спoред зборовите на свештеникот Лазо.</p><p>Свештеникот Лазо беше затекнат од настанатата ситуација и се најде во непријатна ситуација обидувајќи се да најде решение за проблемот и за настаната ситуација и до последно се обидуваше да најде заеднички јазик со управата и да најдат заедничко решение да се отвори црквата и да се одржи службата, но за жал сето тоа беше без успех. Од управата избрана од народот која неодамна беше разрешена од Владиката Петар дознавме дека причината за револтот е тоа што без нивна дозвола тапијата од црквата која се наоѓала во банка е одземена нелегално и никој не знае каде се наоѓа. Пред извесно време беше продадена црковната куќа со вредност од $650,000, а сега без одобрение од управата избрана од народот исчезна тапијата. Се што сакаат да знаат управата и врениците е што се случува, кој им работи зад грбот и зошто? Ќе се разреши ли конечно оваа енигма, ќе се дознае ли вистината и причината за разрешување на свештеници два во рок од два месеци и исчезнување на тапијата од црквата? Останува да видиме.Додека црквите на Австралиско-Сиднејската Епархија кај што Владика е г. Тимотеј се преполнуваат со народ и верници, црквите на Австралиско-Новозеландската кај што Администратор е г. Петар ја тресат скандали, затворени порти и драстично намален број на верници.Време е Синодот да се позанимава со овие проблеми затоа што револтот кај Македонските верници во Австралија расте се повеќе затоа што овие цркви се изградени со нивната мака, пот и пари. Погледнете го видеото од денешното случување:

Коментари

Популарно