Доктори на науки и магистри си заминуваат од Македонија

Од земјава лани се отселиле 6 доктори на науки, 11 магистри и 108 лица со универзитетско образование

Од година во година се зголемува бројот на граѓани што ја напуштаат земјава

Inside II: Miami Int'l Airport

Од Македонија лани се отселиле 1.330 граѓани, од кои 69 биле високообразовани научници и стручни лица, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за миграциските движења во земјава во 2012 година. Од земјава лани се отселиле 6 доктори на науки, 11 магистри и 108 лица со универзитетско образование. Статистиката покажува дека континуирано расте бројот на македонски граѓани што си одат од земјава и ланската бројка на отселени е најголема од 2007 година досега. Според етничката припадност, најголем број иселеници лани имало кај Македонците (987), потоа кај Албанците (228) и кај Турците (69). Од вкупниот број граѓани што лани емигрирале, најмногу, 983 лица, се од Охрид, а на второ место по бројот на иселеници е Дебарца, од каде што лани во странство заминале 106 македонски граѓани. Овие две општини веќе неколку години по ред се први на листата општини рангирани по бројот на граѓани што се отселиле во други држави.

Семејството главна причина за иселување

На анкетата на Државниот завод за статистика за причините за иселување, најголем број од иселениците одговориле дека заминуваат од земјата поради семејни причини (614). Поради вработување во странство лани се иселиле 247 македонски граѓани, а 101 за да склучат брак. Само 32 граѓани лани ја напуштиле земјава поради школување. Податоците на ДЗС покажуваат дека во вкупниот број отселени граѓани доминираат лицата со средно образование (556 отселени граѓани), а на второ место по школската подготовка се иселениците со завршено основно образование (376 отселени граѓани). Австралија лани, како и преклани, била најпосакувана дестинација за иселување и во оваа земја се отселиле 295 македонски граѓани. Германија е на второто место со 208 иселени македонски граѓани во 2012 година, а САД се трета дестинација по бројот на македонски иселеници и во текот на минатата година таму се отселиле 202 македонски граѓани.

Повеќе доселеници отколку иселеници

Интересно е што покрај повеќегодишниот пораст на иселениците, во земјава има и континуиран пораст на доселеници, а податоците за миграциските движења покажуваат и дека од 2007 до 2012 година бројот на доселеници е поголем отколку бројот на лица што заминуваат во странство. Така, лани во Македонија се доселиле 3.787 лица. Најголем дел од доселените странци се од Турција, Албанија, Србија и од Косово. Во текот на минатата година во земјава имало и 64 лица од Африка. Интересно е што статистичарите лани регистрирале и дека во земјава се доселиле и 23 лица од Индија, од кои 11 со привремен и 12 со продолжен престој.

Причина за преселување

вработување 247

брак 101

семејни причини 614

школување 32

без одговор 336

Каде лани се иселувале граѓаните

Австралија 295

Германија 208

Америка 202

Отселени граѓани на Република Македонија

година 2007 2008 2009 2010 2011 2012

иселеници 224 740 769 923 1.143 1.330

Отселени граѓани според етничка припадност во 2012

Македонци 987

Албанци 228

Турци 69

Нова Македонија

Коментари

Популарно