Што ги прави жените „секс божици“?

Секс експертот Трејси Кокс, поделила неколку совети кои кај жените опишуваат неколку карактеристики кои треба добро да ги владеат ако сакаат да бидат вистински заводнички. Ова се вештините кои тие треба да ги развиваат.

sexywoman1-640x400

Да се чувствуваат уверени во секој потег

Дури и врапчињата на гранка знаат дека жените кои за себе имаат добро мислење, се посреќни. "Илјадници истражувања покажаа дека посамоуверените жени повеќе уживаат во сексот, бидејќи знаат дека ги иницираат работите, но и го бараат она што го сакаат. Жените се грижат за своите облини, но мажите баш ги сакаат", напоменува Трејси.

Така што, задача на жената е да пронајде начин да ги исфрли сите недостатоци од нејзиниот мозок, и секој потег кој го прави да биде полн со самодоверба. Тогаш во креветот ќе стане вистинска лавица.

Да знае да води одлична предигра

За повеќето мажи предиграта всушност значи орален секс. Сепак, жените знаат дека на ова подрачје постојат и други работи. Трејси ги советува жените да ги научат своите мажи што сè можат да прават за време на предиграта. "Потребно е жената да биде малку похрабра и повеќе да фантазира и да го научи својот маж дека предиграта може да биде прекрасна", вели таа.

Но што точно да направи? За тоа треба жените сами да размислат и да ја употребат имагинацијата.

Да сака да зборува

Жените не сакаат да зборуваат за време на сексот, иако мажите ги обожаваат "валканите зборови". "Жените не знаат колку ќе го подигнат квалитетот на сексот со овие зборови. Тие жени се попривлечни и посекси, но бидејќи повеќето имаат проблем со вербалното изразување, ако им е непријатно, постојат СМС пораки. Таму можат да го скршат мразот", советува Трејси.

Да бидат "лоши девојки"

Мажите сакаат да прават лоши работи, па посебно им е интересен сексот кој се одвива на место на кое можеби не требало да се случува. Жените треба да се ослободат себеси и својата "лоша" страна и да предложат нешто што досега немале направено.

Коментари

Популарно