Сончево пртпладне и снежно попладне

0-faton-kalisi-Skopje2Денеска е петок, 340 ден во 2013 година. До крајот на годината остануваат уште 25 дена.

Денот трае девет часа и 17 минути.

Во Скопје Сонцето изгрева во шест часот и 45 минути, а заоѓа во 16 часот и две минути.

Месечината изгрева во девет часот и 37 минути, а заоѓа во 20 часот и 14 минути

Временска прогноза

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево. Утрото повторно ќе биде студено.

Температурата ќе се движи од минус седум до минус два, а дневната од пет до 10 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до минус шест и со дневна до седум степени.

Во вечерните и ноќните часови се очекува промена на времето, која ќе се манифестира преку преодно наоблачување со краткотрајни слаби врнежи од снег особено во западните и северите делови од земјава. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура во следните денови.

Во сабота во утринските часови се уште локално ќе има зголемена облачност со провејување на снег, меѓутоа во текот на денот облачноста ќе се намали, ќе преовладува сончево време, но сепак во сабота ќе биде доста студено и ветровите, а така слично ќе се задржи и во наредните денови.

Коментари

Популарно