ВИДЕО: Објавена последната снимка од пилотите на исчезнатиот авион

Објавена е снимка од сигурносните камери на кои може да се видат пилотот и копилотот на исчезнатиот малезиски авион непосредно пред качувањето во авионот.

mkd-113645

Снимката на CCTV прикажува како капетанот Захарие Ахмад Шах, пилот на Боингот 777 поминува низ осигурувањето на аеродромот во Куала Лумпур.

Потоа се појавува копилотот Фарик Хамид кого осигурувањето го проверува пред влезот во авионот.

Шах наводен симпатизер на малезискиот опозициониот лидер Анвар Ибрахим, кој заврши во затвор поради хомосексуалност само неколку часа пред исчезнувањето на авионот.

Исто така објавена е и сопругата на пилотот и трите деца како го напуштаат семејниот дом ден пред исчезнувањето на авионот.

Експертите денеска објавија дека е можно авионот да слетал и дека последниот сателитски сигнал кој го испратил бил од земјата.

Исчезнувањето на MH370, според мислењето на истражувачите би можело да биде „пиратско киднапирање“ и патниците во овој момент можеби се држат на непозната локација.

Експертите сметаат дека некој во авионот го оневозможил комуникацискиот систем (ACARS).

Коментари

Популарно