Ова е најбогатиот градоначалник во Македонија – еве колку тежат и другите

Што откриваат анкетните листови за имотната состојба на државните функционери и кои се придобивките за јавноста од можноста да се има увид во нивните сметки.

3512439D8A62F54FB5F1BE783B401C3B-1728x800_c (1)

Некои од македонските градоначалници не само што управуваат со богати општински имоти, туку некои од нив можат да се пофалат и со големо лично и семејно богатство вредно и по неколку стотици илјади евра. Судејќи според нивните анкетни листови доставени до Државната антикорупциска комисија, тие се сопственици на куќи, станови, земјоделски земјишта, шуми, а некои и со семеен накит и уметнички слики.

Од 84–те градоначаници, на врвот по богатството е првиот човек на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски кој поседува голем движен и недвижен имот. Покрај куќата од 250 м2 во Крива Паланка и станот од 86м2 во Скопје, тој има и викендичка од 92 м2 во село Ранковце. Неговата сопруга има две куќи за одмор во село Узец и во Длабочица од 15 м2 и од 40 м2. Арсениевски е сопственик и на две земјишта во село Мартинци, а побарува и заем од 50.000 евра даден во 2005 година, како и од 10.000 евра во 2009 година. На свое име има четири девизни книшки во вредност од 163.000 евра и една денарска на 32.000 евра, додека неговата сопруга има орочено 23.000 евра на девизна книшка и над 10.000 евра на денарска. И двете деца имаат свои девизни и денарски сметки, во кои има идентични износи – по 30.000 евра секој од нив во девизи и по 6.600 евра во денари.

Еден од градоначалниците што дава најмногу заеми е Стевчо Јакимовски од Карпош, кој во четири наврати дал заеми, но и без нив има пристојни износи на средства на денарски и девизни сметки на свое име и на име на сопругата.

И градоначалникот на општина Струмица и лидер на СДСМ, Зоран Заев чие богатство е предмет на чести опсервации на владејачката партија влегува во групата на општински татковци со богато банковно салдо и имот. Со сопругата имаат заеднички имот куќа од 400 м2 и стан од 65 м2 во Струмица, како и деловен простор од 60 м2 и земјоделско земјиште од 4 хектари во с. Муртино. Негов личен имот е „ауди 6“, вредно 984.000 денари или околу 15 илјади евра, додека на име на неговата сопруга се води „сеад леоне“. Брачниот пар Заеви поседуваат и акции во вредност од речиси 197.000 евра. Лидерот на СДСМ побарува по основ на даден заем околу 70.500 евра, а на неговата банкарска сметка лежат околу 16.130 евра. Околу 18.600 евра на име на децата, а околу 2.500 на име на сопругата.

„Мојот анкетен лист е достапен на јавноста. Јас сум транспарентен политичар и тоа е она што со мојот работен век од 17 години и со моето семејство го имаме создадено“, рече Заев во едно од своите гостувања на МТВ.

Поранешната вицепремиерка Теута Арифи и актуелна градоначалничка на Тетово, пак, може да се пофали со станови на свое име. Таа има четири стана од кои три со големина од по 90 квадратни метри, од кои два се во Скопје, а едниот во Тетово. Таа има уште еден стан од 60 квадрати во главниот град, додека нејзиниот сопруг врховниот судија Шпенд Деваја има сопствен стан од 40 м2. Арифи пријавила и хонорар како универзитетски професор од 30.000 денари за академска година, кредит, како и автомобили „шевролет каптива“ и „цитроен ксара“.

Првиот човек на Битола,Владимир Талески поседува три стана,од кои два се на негово лично име (со површина од 70 и 52 м2),а третиот од 46 м2, на име на неговата сопруга. Талески вози „цитроен ц5“, а неговата сопруга по основ на наследство е сопственик на накит во вредност од 360.000 денари. Брачниот пар има и одделни банкарски сметки, од кои онаа на градоначалникот тежи 2.969.317 денари (околу 48.600 евра), а онаа на сопругата 764.255 денари (или 12.500 евра). Заеднички им е кредитот земен во 2009 година со рок на отплаќање од 5 години во вредност од 1.009.209 денари или околу 16.500 евра.

Штипскиот градоначалник Илчо Захариев е сопственик на шума во село Ѕвегор, како и на земјоделско земјиште, додека неговата сопруга има два стана во Штип.

Името на скопскиот татко Коце Трајановски се појавува во два имотни листа. На првиот Трајановски нема личен имот, туку пријавил само заеднички со сопругата. Пријавил една шестина од семејна кука од 100 м2 во населба Илинден и стан од 73 м2 во Скопје, како и земјоделско земјиште од 3.500 м2 во населба Илинден и во село Бродец, без да наведе површина. Исто така пополнил дека добива и годишна закупнина на нива во вредност од 176.702 денари, или околу 2.900 евра. Во вториот имотен лист, пак, пријавил заедничка куќа во Скопје од 100.000 евра, моторно возило „сузуки свифт“ на име на сопругата, трансакциска сметка на свое име во Комерцијална банка со 399.607 денари, како и два кредита – едниот на свое име во вредност од 17.605 евра со рок на враќање на 15 години, како и на жена му на 180.000 денари земен во 2007 денари со рок на отплата на 36 рати.

Прегледувањето на имотната состојба на градските татковци, дава и други интересни податоци. Така, градоначалникот на Чаир, Иџет Мемети како имот ја пријавил семејната кука на родителите од 70 метри квадрати во Скопје, како и возило „пежо 207“ од 2009 година.

Градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам вели дека живее во стан на родителите, а има куќа во изградба од 600 м2, а како приход пријавил отстапен простор за антена за која добива 18.000 денари. Првиот човек на Прилеп, пак, Марјан Ристески, на пример, пријавил дека има само автомобил и кредит. Навел дека поседува „киа спортиџ“ и кредит од 344.600 денари, но не е јасно каде живее.

Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Северна Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. 

Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

-Исто така,  утре на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител. 

Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право. 

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники

Во СВР Велес синоќа во 21:55 часот било пријавено дека на главната  улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната велешанка М.Р.  удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

 Таа додава дека по овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира за МИА портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, Марина Андова, малолетникот бил прегледан на Одделот за Радиодијагностика по што било утврдена скршеница на левата потколеница, и по дадената лекарска помош поради тежината на повредата малолетникот бил препратен на Клиниките во Скопје на понатамошно лекување. 

Популарно