ВИДЕО: Македонскиот Дејвид Коперфилд од Велес

-Инспирација за да лезе во светот на магијата му дал можеби најдобриот магионичар и илузионист на сите времиња Дејвид Коперфилд пред повеќе од 10 години. Еден од ретките во Македонија, а и на Балканот кој ги работи скоро сите видови на магија: Екстремна, ментализам, магија од блиску, улична магија, манипулација со карти, а нај омилени му се сценската магија и детската магија. Професионално се занимава од пред околу 5 години, годишно има преку 250 настапи во игротеките низ Велес, а и низ цела Макдеонија. Во ова видео ни покажува како пред очите на децата (кои нај тешко можеш да ги "измамиш") придвижува предмет со помош на силата на умот.

10638022_824446057605757_298782835_n
10643410_824446070939089_2108420089_n
10654113_824446074272422_618743470_n
10668560_824446054272424_1524086227_n
Испратено од Диме

(Фото) Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде последна почит на својот Инстаграм профил.

Кико сподели фотографии од своето детство се до денес, заедно со дедо Никола и Тоше, а под нив напиша само кратко – „Папу“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @kristijanristeski

Селин Дион за болеста со која се учи да живее

Канадската поп-пејачка Селин Дион во интервјуто за на француското издание на списанието „Вог“ проговори за своето невролошко заболување наречено Синдром на вкочанета личност. Болеста ѝ беше дијагностицирана есента 2022 година.

– Не сум ја победила болеста, таа сѐ уште е во мене и секогаш ќе биде. Се надевам дека ќе се случи чудо, дека ќе најдеме начин да ја излечиме преку научно истражување, но токму сега, морам да научам да живеам со неа. Значи, ова сум јас сега – со синдромот на вкочанета личност, изјави Дион.

Таа потоа раскажува како изгледа нејзиниот живот по дијагнозата.

– Во неделата, пет дена одам на атлетска, физичка и гласовна терапија. Работам на прстите на рацете, на нозете, колената, листовите, пеам… Гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси. На почетокот се прашував: „Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?“, се потсеќа пејачката.

Таа вели дека сега има два избора – да тренира или целосно да се повлече.

– Животот не дава никакви одговори. Само треба да го живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина. Како што ја гледам, имам два избора. Или ќе тренирам како спортист и ќе работам напорно, или „се исклучувам“ и останувам дома… Значи, ги слушам моите песни, стоејќи пред огледалото и ги пеам со цело тело и душа, со медицинскиот тим, повторно, нагласи Селин.

Таа има голема поддршка од семејството и децата.

– Пред сè, љубовта на моето семејство и моите деца, љубовта на обожавателите и поддршката на мојот тим – сè тоа ме крепи. Луѓето кои страдаат од СПС (кретенка за болеста, з.п.), можеби немаат доволно среќа или имаат средства да имаат добри лекари и добри третмани. Тоа е дар, знам дека ништо нема да ме спречи, појасни таа.

На прашањето дали ќе се врати на сцената, Селин сè уште нема конкретен одговор.

– Моето тело ќе ми каже. Од друга страна, не сакам само да чекам. Многу е тешко да се живее од ден за ден. Но, има едно нешто што никогаш нема да запре, а тоа е волјата. Тоа е страста. Тоа е сонот. Тоа е одлучноста!, заклучи поп-ѕвездата.

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“.

Популарно