Пејачката Рената Кралевска деновиве доби неодолива брачна понуда, и тоа од холивудскиот шармер Бред Пит. Имено, во
пораката која тој и ја испратил на Фејбсук, навел дека веднаш штом ја видел се заљубил и поради тоа сака да го помине остатокот од животот со неа.
" Драга Рената, како вистински џентламен најпрвин би сакал да ти се претставам. Јас всушност сум Бред Пит, иако тоа звучи чудно и нереално. Ги гледав твоите фотографии и ѕид на Фејсбук цела ноќ, и тоа ми беше доволно за да сфатам дека ти си жената од моите соништа, која всушност сега е реалност. Никогаш во животот не сум видел ваква перфекција, убавина и елеганција. Имам предлог за тебе- ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ! Чекам одговор. Искрено твој Бред. Ти праќам љубов"... стои во пораката која пејачката ја добила.
Иако веќе помисливте дека бракот на Бред Пит со Анџелина Џоли е во криза, па си бара нова партнерка, грешите. Рената добила порака од Бред Пит, но за жал не од вистинскиот.
(извор:Вечер)