ВИДЕО од Ургентен каде се случило пукањето

Револтиран за смртта на мајка му скопјанец пукал во хирургот. Скршените стакла и расфрланите столови сведочат за сериозниот инцидент. Заложничката драма се случила утринава околу 9.30 минути на Клиниката за дигестивна хирургија.

Untitled

Пациенти и медицински персонал лежеле на земја. Напаѓачот бил со уште две лица. Имале намера да се пресметаат со доктор Љубомир Огненовиќ, која ја оперирал сега починатата пациентка. Со пиштолот во раце скопјанецот го пресретнал хирургот во ходникот на третиот кат на хирургија.

Сведоци за Сител раскажуваат дека одеднаш почнал да вика сите ќе ве убијам и испукал неколку истрели. Три куршуми завршиле во ногата на лекарот, а во меѓувреме другите две лица кршеле на клиниката. Прво реагирало обезбедувањето на Клинички. Во турканицата повредено е и едно лице од клиничкото обезбедување. Набрзо дошла и полиција која ги привела напаѓачите. Се претпоставува дека двајца од напаѓачите се браќа или блиски роднини бидејќи имаат исто презиме.

Повредениот хирург веднаш бил внесен во операциона сала. Имал три влезни и излезни рани на подколеницата и надколеницата. По опеарцијата е надвор од животна опасност. Од Клиниката за дигестивна хирургија велат дека починатата пациентка имала неколку сериозни заболувања и починала утринава по операцијата, а семејството било известено за можните компликации.

Пациентите кои за време на оружениот инцидент биле во зградата на хирургија ги слушнале истрелите.

Во Клиничкиот центар имаше зголемено полициско присуство.

Додека траеше увид вратите на хируршките клиники останаа затворени за пациентите. Никого не пуштаа внатре. Неколку часа немаше ниту прегледи ниту контроли на хирургија.

Како превентивна мерка овие денови на клинички ќе има зголемено обезбедување. Истрагата треба да утврди кој од тројцата осомничени пукал и кои биле мотивите за инцидентот.

ВИДЕО: ТВ21

Лазаров одбра кој ќе патува во поход на Фарски Острови

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, одбра со кои ракометари кои  ќе патува за Торшавн каде Македонија ќе го одигра првиот натпревар со Фарски Острови.

Сите кои беа на тренинзите ќе одат во градот на Фараните, и ќе го бараат своето место во клучните 16 за тешкиот меч. 

Голмани: Никола Митревски (капитен), Мартин Томовски и Марко Кизиќ

Леви крила: Цветан Кузмановски и Петар Атанасијевиќ

Десно крила: Никола Костески

Десни бекови: Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски и Мартин Серафимов

Средни бекови: Мартин Карапалевски, Марко Митев, Дамјан Митев и Иван Џонов

Леви бекови: Филип Талески и Филип Кузмановски

Кружни напаѓачи: Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Марко Стојковиќ и Валентин Карасманакис

Дефанзивци: Никола Марковски и Михаил Аларов

Фарски Острови и Македонија во Торшавн ќе играат на на 8 мај со почеток од 20:00 часот.

Сите ја знаат „Ѓурѓовден“, но малкумина ја знаат тажната вистина за песната

Православните верници денес го прославаат Ѓурѓовден- празникот врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување.

Песната Ѓурѓовден била создадена во возот на смртта кој патувал од Сараево до Јасеновац.

Затворениците во вагони без храна и вода почнале да паѓаат во криза од страв и несигурност. Во општиот хаос еден од нив за кој се вели дека бил член на Сараевска „СЛОГА“ од гордост и инает, запеал… Ова е тврдење на новинарот Вукашин Беатовиќ.

Еве како оди приказната: Мај шести во 1942 година– студено утро во Сараево. Полицајците им наредиле на ИТЗ да ги подготват заробените Срби. Во четири часот наутро во градот колони на затворениците од Јајце касарната и другите затвори ги собрале на железничката пруга во Сараево.

Колоната била околу три илјади претежно млади луѓе. Меѓу нив и домаќини заедно со нивните синови, како и муслимани кои ги поддржувале Србите или се изјасниле како Срби. Чуварите извикувале „Како сте Срби? Ве носиме на бесплатна екскурзија во Јасеновац”.

Возот на свети Ѓорѓија од Сараево отиде во Јасеновац. По патот затворениците во вагоните без храна и вода почнале да паѓаат во криза на страв и несигурност.

Во општиот хаос еден од нив запеал „Пролече на моје раме слече – џурџевак зелени – свима осим мени“.

Поради песната чуварите ги затвориле вратите од вагоните, а затворениците останале без воздух во тесните вагони стиснати еден до друг. Од три илјади колку што тргнале од Сараево до Јасеновац стасале само две илјади, а стотина од нив успеале да ја преживеат тортурата. Благодарение на преживеаните денес се знае за овој настан.

Под импресија на оваа приказна, Горан Бреговиќ ја направил песната „Ѓурѓовден“. Песната оттогаш стана глобален хит која се пее на повеќе јазици. Но, многу малку денес знаат за позадината на оваа песна, за возот на смртта и судбината на овие луѓе.

Четвртокот по Велигден е најсреќен во годината

Светата или Велигденска недела се смета за големо и непрекинато славење за Велигден.

Има голем број верувања и обичаи за цела недела, а токму за четвртокот по Велигден се смета дека е најсреќен четврток во годината.

Се смета за среќен и се верува дека на земјата одат само добри небесни суштества и дека сè на луѓето ќе им оди од рака.

Четвртокот по Велигден се започнува работа, дури и ако не ви одела од рака, а можете и да се помолите и сите желби ќе ви се исполнат.

Популарно