Нова трагедија во Скопје: Прегазен пешак во Чаир

Едно лице утрово го загуби животот откако во него удри возило опел астра“, соопшти полицијата. Незгодата се случила во Чаир, во 6:50 часот, на улицата „Ќемал Сејфула“ во близина на крстосницата на улиците „Вуковар“ и „Крсте Арсенов“.

soobrakajka_17

Возилото било со скопски регистарски таблички, а го управувал граѓанин на Скопје, додека пешакот, роден 1948 година, е од Велес.

По незгодата пешакот бил пренесен со возило на Брза помош во Ургентниот центар каде по извесно време им подлегнал на повредите.

Во изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје се случиле уште 14 сообраќајки од кои четири завршиле со полесни телесни повреди кај тројца возачи, двајца сопатници и еден возач на мопед, додека девет се со причинета материјална штета.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци, а Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во Централното основно училиште „Круме Кепески“ и во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Кисела Вода.

Во 18 и 19 часот, пак, сообраќајната полиција ќе преземе соодветни мерки поради спортските натпревари на Националната арена „Фили Втори Македонски“ и во СЦ „Јане Сандански“.

78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.

Почина таткото на Тоше, Никола Проески

По долго боледување, почина таткото на Тоше, Никола Проески.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. 

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше. Замина денес, на Велики четврток, после долго боледување.

Веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите:

-Светол патот, татко мој.

Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност.

Семејството Проески се уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.

Популарно