Спасовски: Нема хаос во МВР - но ќе има кадровски промени

По информациите за престан за преносот на надлежностите во Министерството за внатрешни работи, со своја изјава се јави новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој изјави дека не им престануваат сите надлежности на раководителите во МВР.

oliver_spasovski_intervju_bhrt-600x400

-Тоа е нормална постапка, да видиме во каква позиција влегуваме. Денеска дел од надлежностите ќе бидат вратени на структурите во МВР, така што нормално функционира, нема потреба никој да биде загрижен во министерството, секој што е професионалец, ќе биде ценет, и во тој дух ќе биде мојата натамошна активност, рече Спасовски кој учествуваше на церемонијата за одбележување на 13 ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.

Според него, ова е пренесување на надлежностите, нема кадровски промени засега во МВР.

-Сакам да биде јасно дека ова е нормална постапка при промена на министерот за внатрешни работи, за овие надлежности да бидат повторно предадени од новиот министер за внатрешни работи. Не сум размислувал за промени на нови кадри, влезот е да ја видиме состојбата во министерството, да видиме каква е финасиската состојба, какви се човечките ресурси, па прво да ги видам овие работи, а понатаму со јавноста ќе се споделат сите информации. Професионализацијата во МВР е врвен приоритет, таму има многу луѓе кои се професионалци, благодарение на кои функционира Министерството за внатрешни работи и јас сакам апсолутно да продолжам да работам со сите професионалци во министерството.

Репортери без граници: Северна Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот

Република Северна Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година на Репортери без граници, што е за две места подобор од 38-то место лани. Од земјите во регионот Северна Македонија е најдобро оценета, а следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија е на 98-то место и Албанија на 99-та позиција.

-Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, стои во оценката за земјава.

Во однос на Медиумски пејзаж се наведува дека иако телевизијата е доминантен извор на информации, онлајн медиумите играат важна улога. Сепак, мора да се направи разлика помеѓу професионални онлајн редакции кои вработуваат новинари и објавуваат оригинална содржина, и поединечни портали кои плагијат и копираат и залепуваат содржини. Исто така, постои голем јаз меѓу користењето и довербата: најгледаните ТВ станици имаат низок индекс на доверливост.

За политички контекст се забелчежува дека целокупното опкружување останува поволно за слободата на печатот, но владините агенции не се многу транспарентни и критичкото новинарство е сè повеќе подложно на напади.

-Поради силната политичка поларизација, медиумите можат да бидат под притисок на властите, политичарите и бизнисмените и на национално и на локално ниво. Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создадоа паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност, стои во Извештајот.

Во контекст на правната рамка се посочува дека Уставот ја гарантира слободата на говорот и забранува цензура, но дека земјата бавно го усогласува законодавството за медиумите со стандардите на Европската унија, на која има намера да и се придружи, а се посочува и на пресудата за ИРЛ и новиот закон за медиумите во делот на рекламирањето.

-Процедурите на SLAPP служат како инструменти за заплашување и притисок врз независните медиуми. Осудата за клевета, во 2023 година, на медиумот IRL за нејзината истрага од општ интерес постави опасен преседан. Новиот закон со кој повторно се овластуваат националните и локалните власти да се рекламираат во медиумите во приватна сопственост, ја зголеми загриженоста за можното поврзано ширење на влијание, нотира Извештајот.

За економски контекст се наведува дека иако одредени видови медиумска концентрација се забранети со закон, редакцијата на некои од главните ТВ канали е изложена на економски притисоци од нивните сопственици. Државното финансирање, се додава понатаму, е ограничено и нетранспарентно, а независните медиуми во голема мера се потпираат на донаторите. Странските грантови засновани на проекти придонесуваат само за опстанок, но не и за понатамошен развој. Новинарството, се посочува, е многу несигурна професија, а некои медиуми се подложени на влијанија од страна на маркетинг агенциите.

Во делот за социјланиот контекст стои дека иако не постојат јасни ограничувања во социјалната и културната средина кои влијаат на слободното новинарство, социјалните медиуми и дигиталната сфера генерално го фаворизираат ширењето на дезинформации и сајбер-закани. Во комбинација со ниските професионални стандарди, тие придонесуваат, како што се посочува, за опаѓање на довербата на јавноста во медиумите и го отвораат патот за напади врз новинари врз основа на пол, етничка или религија, 

Кога е во прашање безбедноста на новинарите се констатира дека тие се често мета на вербални напади, а меѓу другото се посочува и за назначувањето специјален обвинител задолжен за случаите на напади врз новинари.

-Под изговор за заштита на државните тајни и личните податоци, тие можат да бидат изложени на судски притисок и произволни правни постапки. Сепак, судовите имаат тенденција да ја поддржуваат слободата на печатот и да ги штитат новинарите. Во главниот град беше назначен специјален обвинител кој ќе ги води случаите на напади врз новинари, а се разгледува и отворањето на слични канцеларии низ целата земја, стои во Извештајот на Репортери без граници за земјава.

Првите места на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година им припаѓаат на Норвешка, Данска и Шведска. На листата од 177 земји во светот најлоши оценки за слободата на медиумите имаат Туркемнистан Иран и Северна Кортеја.

„Да се биде претприемач значи да најдеш начин да направиш нешто, а не да најдеш изговор“ – Втора епизода од поткастот „Гласот на МААА“

Вториот поткаст на „Гласот на МААА“ на Македонско-Американската Алумни Асоцијација (МААА) носи наслов „Младите и можностите за претприемништво“.

Дали земјава има потенцијали за претприемништво на младите, ако знаеме дека сме лидери со младинска невработеност? Со таа дилема започна вториот поткаст кој го модерираше Ана Зафирова, новинарка и членка на МААА. Заедно со неа во поткастот учествуваат и Моника Ризовска Таневска, претседателка на Women in Tech Macedonia и ко-основач на Ways2Help и Данчо Димков, претприемач, автор на претприемничка литература, основач на неколку компании а, меѓу нив Bizz Bee Solution.

Низ своите инспиративни лични приказни соговорниците го приближија претприемничкиот животен пат и искуствата кои ги имале.

„Претприемништвото ми помогна за да си го откријам моето „зошто?“. Низ животот има одредени работи што нè трошат, а одредени што нè полнат. Токму претприемничкиот дух ме принуди да се прашам, што е тоа што ми ја дава енергијата и да сфатам дека сум од оние луѓе кои ги исполнуваат работите со кои оставам импакт, кога правам нешто добро. Со Ways2Help им помагаме на социјално загрозени семејства, и тие мали чекори кои ги правиме, ми помогнаа да се спознаам себе си“ – вели Моника Ризоска Таневска.

Според Данчо Димков претприемничките вештини се учат, но подготвеноста за преземање ризици е таа која турка напред. Затоа тој ги охрабрува младите да влезат во таа приказна, да не бараат оправдувања и изговори, затоа што кога си млад ризикот е помал и учиш.

„Ако сакаш да направиш начин, ќе најдеш начин, ако не сакаш да го направиш, ќе најдеш изговор. Затоа што многу поедноставно е да ја обвинуваме државата или инфраструктурата дека е виновна за нешто, отколку да бидеш претприемач и да најдеш начин како да го совладаш предизвикот. Тоа значи hassle, се обидуваш, заобиколуваш, прекокнуваш проблеми, бараш надворешна помош, со цел да најдеме начин како да ги решиме проблемите и да изградиме подобра заедница за сите нас.“ – вели Димков.

За среќа на честите натпревари, хакатони и акцелератори и Ризовска и Димков гледаат „гладна младина“ која сака да создава и да прави убави работи, но се согласуваат околу предизвикот како таа младина треба да се задржи во земјата и да продолжи да создава тука, дома.

„Сите настани кои ги организираме со Women in Tech Macedonia, се пополнети во најкус рок значи има интерес и ентузијазам“ споделува Ризовска Таневска.  

Се надеваат дека тој интерес ќе биде пресретнат и со погодна клима и веруваат дека знаењата кои тие ги имаат ќе им бидат од полза на идните претприемачи кои ќе треба да извршат влијание и ќе направат општествени промени во нашата земја.

Ова е вториот од серијалот поткасти на МААА, насловен „Гласот на МААА“ во рамките на проектот „Алумни поттикнуваат волонтерство и воннаставни активности“ и е достапен на следниот линк: 

За дополнителни информации, Ве молиме контактирајте со Зорица Трајкова Стрезовска, претседателка на МААА, на email [email protected] или на телефонскиот број 078/29 79 30.

Со почит,

Македонско-американска алумни асоцијација

Дневен хороскоп

Овен

Во наредниот период ќе бидете многу добро расположени благодарение на добрите односи со деловните соработници и пријатели. Личност под знакот Водолија која е голем деловен поддржувач ви дава добри деловни совети и важно е да ги слушате сите. Здравјето е одлично.

Бик

Меркур во знакот Овен го активира вашето поле на деловна комуникација со партнери од странство. Најдобро е да се свртите кон работи и луѓе со кои сте блиски на деловен план бидејќи овие луѓе генерално многу ви помагаат во следните десет дена. Здравјето е одлично.

Близнаци

Меркур во знакот Овен ви дава можност да се посветите на сето она што сте го запоставиле поради партнерот и неговите деловни активности. Не дозволувајте да се свртите против себе и сè што ви е важно. Ова е идеален период да се посветите на здравјето.

Рак

Во следните денови ќе доцните со реакции и обврски во однос на семејството и се што има врска со тоа. Не дозволувајте другите да се мешаат во вашиот живот и во деловните ситуации кои емотивно тешко се решаваат. Здравјето е стабилно.

Лав

Денес ќе бидете многу расположени за разговор со партнерот и членовите на семејството. Научете да се почитувате себеси и вашите потреби особено кога се во прашање односите со јавноста. Немојте да се изненадите ако партнерот ве сврти против другите.

Девица

Почетокот на денот е под влијание на Марс и Венера, кои создаваат чувство на целосна контрола врз својот живот. Ова е многу комплициран процес за вас и вашите емоции бидејќи никој не може да ви каже колку се комплицирани работите. Вие знаете сè најдобро за себе.

Вага

Во овој период многу зависи од вас, па обидете се да постигнете многу подобри резултати во следните неколку дена во однос на работата. Бидете повеќе фокусирани на себе, особено кога станува збор за трансакции со странски пари. Здравјето е одлично.

Шкорпија

Пазете се од превртувања на грбот кога станува збор за луѓе со кои сте биле блиски некое време. Личноста под знакот Лав е голем поддржувач на вашиот бизнис и тоа е нешто што може да ве поттикне во следните неколку дена. Проблеми со грбот.

Стрелец

Пазете се од какви било ненадејни одлуки кога станува збор за луѓе под знакот на Овен и под знакот Бик бидејќи тоа се луѓе кои можат да влијаат на вашето мислење за себе и за она што го правите во бизнисот. Во следните неколку дена може да имате проблеми со настинка.

Јарец

Здравјето може да биде нарушено доколку сè уште го имате односот кон себе каков што сте имале претходно, а тоа се аспектите дека сте многу повеќе ангажирани во работата и не се грижите за она што ви се случува во приватниот живот. Во следните неколку недели ќе имате работа која бара од вас да патувате.

Водолија

Во овој период важно е многу повеќе да се фокусирате на себе и на она што ве засега, да станете поактивни во бизнисот и да внимавате на можните проблеми во компанијата во однос на парите. Не дозволувајте работите да излезат од контрола кога станува збор за вашите интеракции со луѓе со кои сте биле „во војна“ некое време.

Риба

Ова е многу чувствителен период во однос на вашата потреба да доминирате и во однос на работата и односите со луѓето со кои соработувате долго време. Бизнис планови кои можат да се реализираат поради вашата потреба да бидете во центарот на вниманието и да ја активирате вашата деловна страна.

Популарно