ХОРОР во Зрењанин: Ја уби сопругата додека држела бебе, па се самоуби пред ќерката

Мухамед Емини (27) од Зрењанин ја убил Везира Салихи (30) со која имал петмесечна ќерка, а потоа извршил самоубиство. Злосторството се случило во вторникот околу 20 часот во населбата Дудара.

jaubilsobebence

Според првичните сознанија, мотив за страотното злостроство е болна љубомора. Емини упаднал во куќата на своите први соседи и на сопругата и пукал во глава, додека во раце ја држела нивната ќерка и се убил со истрел од пиштол.

-Емини до пред две години живеел со друга жена со која има четири деца, а таа го напуштила и му ги оставила децата. Везира живеела со своето семејство 15 метри од неговата куќа. Откако знам тој беа вљубен во неа, вели соседот Амето.

Тој додава дека Емини бил со Везира последните година дена, но таа го напуштила пред три недели.

-Си го зеде детето и се врати кај родителите и браќата. Емини одеше таму, купуваше пелени за бебето и бараше таа да му се врати. Во вторникот дозна дека Везира со детето е кај сосетката, зеде пиштол и отиде таму, вели соседот.

-Таму беа и две нејзини другарки, малолетни. Емини влегол во куќата и веднаш од вратата почнал да ја моли да му се врати. Ја прашал дали ќе му даде уште една шанса. Таа му рекла дека не сака да се врати. Тогаш извади пиштол, а на девојките кои седеа со неа и рече да излезат надвор и да го однесат бебето. Но кога тие го виделе пиштолот се исплашиле и истрчале без детето, вели Сафет.

Според неговите зборови, соседите дотрчале до неговата куќа, која е веднаш зад нивната.

-Ми викаа: Побрзај, Мухамед ја уби Везира! Помислив дали можеби ја тепал, но кога влегов, се шокирав. Мојата сестра лежеше мртва на креветот, а во рацете и беше бебето. И пукал во глава. Бебето цело беше крваво, не испушти ни звук. Помислив дека и тоа е убиено. За среќа кога го зедов в раце, видов дека е добро, вели братот на убиената жена.

horor-zrenjaninnn

Се самоубил пред ќерката

Откако ја убил жената Емини отрчал во својата куќа во која живеел со мајката и четирите малолетни деца од првиот брак.

-Најстарата ќерка која има 9 години, слушнала дека се вратил таткото. Во моментот кога сакала да влезе во собата тој си пукал во глава. Имало крв на сите страни, а несреќното дете почнало да вреска. И таа била целата крвава. Пострашно ништо не сум видел, вели соседот Амето.

Многу ја сакаше

И покрај тоа што го направи, соседите за Мухамед зборуваат се најдобро.

- Знам дека многу ја сакаше Везира, и дека и таа го сакаше. Првата жена му остави 4 деца, за кои мораше да се грижи. Никогаш не викаше по нив и не беше насилен. Никогаш не кренал рака на Везира. Незнам од каде му е пиштолот, вели сосетката Уснија.

Англичаните воодушевени од стадионот во Белград: „Ова ќе биде едно од најдобрите места за играње фудбал“

Србите пред неколку дена и официјално започнаа со изградбата на новиот фудбалски стадион кој се наоѓа во околината на Белград. Сите беа воодушевени од проектот и како ќе изгледа стадионот кога ќе биде готов, а воодушевени се и англичаните кои имаат само пофални зборови.

„Србија го претстави проектот за новиот стадион. Фасцинантно изгледа ова технолошко ремек дело кое ќе биде опкружено со дрвја и зеленило. Србија планира величествен стадион и се насочува кон еколошки пристап и дизајн. Претседателот Александар Вучиќ рече дека ова ќе биде едно од трите најубави места во светот на кои ќе се игра фудбал.“ – се вели во текстот на британскиот „Дејли мејл“.

Изградбата на стадионот ќе чини 257 милиони евра, а ќе има капацитет од 52.000 гледачи. Планирано е изградбата да заврши до крајот на 2026-тата година, а Белград и новиот стадион ќе бидат домаќини на финалето од Лигата на Европа во 2028-мата година.

(Видео) Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“

На денешен ден пред една година настана трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко му уби девет ученици и чуварот на училиштето, а рани уште неколку.

На местото на трагедијата пристигнуваат се повеќе луѓе за да им оддадат почит на жртвите. Први пристигнале членовите на семејствата на убиените деца, а глетката пред училишната зграда никого не остава рамнодушен, објавија српските медиуми.

На посебно плато пред училиштето, каде се поставени фотографиите и имињата на убиените деца и чуварот, се оставаат цвеќиња и се палат свеќи.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово положи цвеќе во ОУ „Владислав Рибникар“.

„Помина една година од невидената трагедија која остави неизбришлива лузна на душата на целата земја, но болката, неверувањето и неизмерната тага не поминаа“, рече Вучиќ.

На 3 мај минатата година Коста дошол вооружен во училиштето и од влезната врата го започнал својот крвав поход, во кој животот го загубија девет деца и чуварот.

Откако го извршил масакрот повикал полиција и пријавил што направил.

Веднаш по трагедијата се одржа вонредна конференција на српското Министерство за внатрешни работи, на која беа соопштени деталите за она што се случи во училиштето „Владислав Рибникар“.

„Повикот дојде во 8 часот и 42 минути наутро, две минути по пријавувањето на случајот во полиција од страна на заменик директорот на ова училиште“, изјави началникот на белградската полиција Веселин Милиќ.

На таа конференција Милиќ изјави и дека К.К. еден месец го планирал злосторството. Тој го покажа и списокот што полицијата го пронашла во станот на момчето убиец, на кој биле испишани имињата на учениците кои планирал да ги убие.

Дополнително, како што тогаш беше кажано од највисоките функционери на српската полиција, К.К. имал и прецизен план на училиштето, со означен влез и излез.

Поради делото, Коста е во болница, а против татко му и мајка му, Владимир и Миљана Кецмановиќ во меѓувреме е покренато обвинение, со оглед на тоа што момчето-убиец во моментот на делото имало 13 години и затоа не е кривично одговорен.

Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека обвинетиот Владимир Кецмановиќ во периодот пред трагедијата го научил својот син да пука во цели во форма на концентрични кругови и силуети на луѓе, да стои и да дише кога користи огнено оружје.

Против семејството Кецмановиќ се водат три граѓански постапки, а поднесени се вкупно пет тужби, меѓу кои и една кривична.


Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Популарно