Пејачката Рада Манојловиќ и нејзиниот колега Харис Берковиќ веќе со месеци уживаат во својата љубовна романса, но не се претерано расположени да зборуваат во јавноста за својот однос.
И додека нивните семејства медиумски се препукуваат, бидејќи не се задоволни со оваа врска, тие двајца заминале на заеднички одмор.
Како соодветна дестинација ги одбрале Малдивите, а Берковиќ не одолеал и јавно се пофалил каде сега ужива, па на социјалните мрежи објавил разголена фотографија.
Исто така објавил фотографии на кои се гледаат две чаши коктели и две чаши за шампањско.
Интересно е тоа што Харис објавил и видео снимка на која се гледа девојка која излегува на балкон, и лесно е да се заклучи дека се работи за Рада. Сепак видеото набрзо било тргнато.
Од друга страна, Рада успешно се воздржува, па за сега не се огласила од оваа егзотична дестинација.