Мајк Тајсон: Не можев да одам од премногу секс во затвор

Во својата биографија „Нераскажана вистина“ славниот боксер зборува за контроверзии од својот живот.

Мајк Тајсон објаснува дека додека бил во затвор во Индијанаполис од 1992 до 1995 година имал толку многу секс што не можел да тренира ниту да шета низ дворот навечер. Тој се опоравувал во ќелија по цел ден.

Тајсон вели дека во својот живот имал многу секс, а пред да замине во затвор секој ден спиел со по 15 жени, навика која подоцна ја пренел во затворот.

Во својот три годишен престој во затвор, Тајсон спиел и со жена која била советник во борбата против дрога, а неа и понудил 10.000 долари за да имаат секс. Таа прифатила. Од тогаш редовно го посетувала и спиела со него.

Еден негов телохранител рекол дека славниот боксер спиел со 1.300 жени и дал дел од имињата на тие жени.

Во книгата се напишани и некои приказни како тоа дека Тајсон имал секс со Наоми Кембел во вецето на една забава во Њујорк, додека нивниот менаџер им чувал стража.

-Видов дека Мајк разговара со една преубава девојка. Не бев сигурен за кого станува збор, а потоа ја погледнав подобро и сфатив дека тоа е Наоми Кембел. Мајк ми рече дека ќе оди до тоалет, а таа појде по него. Дојдов до вратата на тоалетот за да ги оттргнам сите кои сакаа да влезат, вели менаџерот на Тајсон, Рори Холовеј.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно