Постојат луѓе кои по сексуалниот однос се чувствуваат лошо и тажно. Ова почесто се случува кај жените, но и мажите не се исклучок. Зошто е ова вака?
Постсексуалната депресија се јавува непосредно по сексуалниот однос, а се базира на негативни чувства, како што се тага, анксиозност и раздразливост, дури и доколку односот бил задоволувачки.
Ваквите чувства имаат и еволуциска функција.
„Постсексуалната депресија не е ретка, но често е поврзана со некоја траума или чувство на тага и каење. Во такви моменти доаѓа до експлозија на хормоните во телото”, вели сексуалниот терапевт Денис Ноулс.
„Сексот е многу интимен чин, а организмот ослободува многу хормони. Тие доаѓаат одненадеж, но и нивното ниво опаѓа, па по сексот може да следи чувство на тага”.
Но, доколку ова ви се случува често после сексот, тогаш во прашање е поголем проблем, кој претежно сигнализира на проблеми во односот.