(ВИДЕО) Потресни сведоштва за смртта на младиот Ердал во штипскиот затвор

Состојбата во македонските затвори е повеќе од алармантна. ЦИВИЛ – Центар за слобода со години ги повикува институциите да преземат итни мерки за подобрување на условите во затворите, за почитување на човековите права на притворените лица и затворениците и за укинување на тортурата во притворите и затворите во Република Македонија. Со години, притворот се користи како сурова казнена мерка. Ова се само дел од наодите и согледувањата на состојбите во оваа сфера.

ЦИВИЛ бара институциите веднаш да одговорат на поставените прашања.

Надлежните институции и персоналот во затворските установи мора да понесат одговорност за смртта на затворениците, вклучувајќи го и најновиот случај со смртта на Ердал Јусинов, кој е повод за најновото обраќање на ЦИВИЛ до Управата за спроведување санкции, Министерството за правда и други надлежни институции.

ДОМА ВИДЕО (ВИДЕО) ПОТРЕСНИ СВЕДОШТВА ЗА СМРТТА НА МЛАДИОТ ЕРДАЛ ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОР

(ВИДЕО) Потресни сведоштва за смртта на младиот Ердал во штипскиот затвор

Mar 29, 2017

Состојбата во македонските затвори е повеќе од алармантна. ЦИВИЛ – Центар за слобода со години ги повикува институциите да преземат итни мерки за подобрување на условите во затворите, за почитување на човековите права на притворените лица и затворениците и за укинување на тортурата во притворите и затворите во Република Македонија. Со години, притворот се користи како сурова казнена мерка. Ова се само дел од наодите и согледувањата на состојбите во оваа сфера.

zatvor-shtip1-600x315-1

ЦИВИЛ бара институциите веднаш да одговорат на поставените прашања.

Надлежните институции и персоналот во затворските установи мора да понесат одговорност за смртта на затворениците, вклучувајќи го и најновиот случај со смртта на Ердал Јусинов, кој е повод за најновото обраќање на ЦИВИЛ до Управата за спроведување санкции, Министерството за правда и други надлежни институции.

ВИДЕО ПРИЛОГ: Шести (потресни сведоштва за смртта на младиот Ердал)

Ердал Јусинов, 25 годишно момче, починало на 22 март 2017 година под нејасни околности во затворот во Штип, два месеци по неговото затворање. Младиот Ердал бил осуден за кражба на една година затвор.

Сведочењето на неговите блиски и соседите упатуваат на сериозни аномалии и пропусти на затворската служба и лекарите. Наводно, тие не му пружиле помош цели четири часа, додека Ердал бил во претсмртна агонија.

Семејството на починатиот штипјанец раскажува и за криминалот во затворот во Штип и за дискриминацијата што се врши врз затворениците Роми.

Ердал остави сопруга и две мали деца на милост и немилост на системот.

Затворот во Штип го нарекуваат „Шести“. Тој се наоѓа на шест километри оддалеченост од градот.

Побаравме информација за овој трагичен случај од надлежните во затворот во Штип, но оттаму нè упатија во Управата за извршување санкции. Се обративме и таму. Во телефонски разговор, претставничка од Управата побара од нас да испратиме прашања по електронска пошта. Одговор сè уште нема.

Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Северна Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. 

Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

-Исто така,  утре на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител. 

Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право. 

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники

Во СВР Велес синоќа во 21:55 часот било пријавено дека на главната  улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната велешанка М.Р.  удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

 Таа додава дека по овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира за МИА портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, Марина Андова, малолетникот бил прегледан на Одделот за Радиодијагностика по што било утврдена скршеница на левата потколеница, и по дадената лекарска помош поради тежината на повредата малолетникот бил препратен на Клиниките во Скопје на понатамошно лекување. 

Популарно