ОФИЦИЈАЛНИ резулатати на ДИК за град Скопје

По прегледани речиси 12% од гласовите во град Скопје, ДИК соопшти дека кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов има убедлива предност пред градоначалникот на Скопје и кандидат на ВМРП ДПМНЕ, Коце Трајановски, од речиси 15%.

Во меѓувреме Шилегов веќе ја прославува победата „Зборот е збор. Ви ветив дека Скопје нема да биде вмровски град. Од вечерва Скопје им го враќаме на граѓаните, и другите општини во Македонија им ги враќаме на граѓаните.

Скопје градот убав повторно се раѓа, а Македонија тргнува со големи чекори напред“, порача кандидатот на СДСМ за град Скопје, Петре Шилегов.

„Најголема награда е победата во Скопје да ја дочекаме за две недели. Граѓаните на Скопје ми дадоа до знаење дека е доста од досегашното владеење во Македонија. Ова е голема победа, без разлика дали е дефинитивна победата во првиот круг или не“, додаде Шилегов.

Тинејџери 3 дена живееле во напуштен објект и имале секс: Таткото на девојчето го пријави случајот во СВР Штип

Во Секторот за внатрешни работи Штип, вчера во 15 часот, 39-годишен маж пријавил дека на 16.07.2018 година неговата 14- годишна ќерка го напуштила домот и заедно со 16- годишен малолетник заминале во напуштен објект, каде престојувале три дена и имале сексуален однос.

По Наредба на Јавен обвинител над девојчето бил извршен преглед.

Од страна на полициски службеници бил извршен разговор со малолетникот во присуство на родител и по целосно комплетирање и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Монструми во Македонија: Жена присилувала девојче на секс за пари, повеќе лица користеле услуги “трговија со дете“- ужасни детали

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до надлежен суд поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело  Трговија со дете од член 418 г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик,  додека две лица – корисници на сексуални услуги се обвинети за кривично дело Трговија со дете од член 418 г  став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

По спроведување на опсежна истражна постапка и прибирање на обемен доказен материјал, обвинителството утврди дека во период од почетокот на декември 2017 година до 06.02.2018 година, во Кавадарци, Радовиш, Штип и с. Мислешево – струшко, прво обвинетата, со употреба на сила, сериозна закана и измама ја искористила немоќта на детето кое немало наполнето 14 години. Обвинетата заради експлоатација по пат на користење во сексуални активности, за паричен или друг надоместок ја превезувала, ја продавала, ја нудела на продавање, ја засолнувала и организирала присилен брак на детето.

Другите обвинети, иако знаеле дека детето е жртва на трговија со луѓе, ја искористувале и овозможувале на друг повеќекратно искористување за сексуални услуги, со што го сториле кривичното дело за кое се товарат.

Како резултат за злоупотребата, детето останало бремено и било принудено да ја прекине бременоста.

Поради постапките на обвинетите детето во одреден временски период имало  нарушена здравствена состојба, душевно трпело и чувствувала физичка болка од нанесени телесни повреди.

Заедно со Обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судот достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети.​

Мерко исече 50-годишни дрвја оти им влегувале во прозорците на стружани

При реконструкцијата на дел од шеталиштето во центарот на Струга денеска општинските власти исекоа три 50-годишни дрвја.

Откако екипите ангажирани од Општината почнаа со сечата, на шеталиштето се собраа граѓани кои бараа од нив да престанат со уништување на зеленилото. Но, работниците продолжија да сечат, по што следеше жестока кавга, па сечата беше прекината.

Градоначалнiкот на општина Струга Рамиз Мерко вели дека на централното шеталиште во Струга биле исечени три стари дрвја бидејќи тие им влегувале во прозорците на стружани во блиските згради.

„Одлучивме да ги исечеме овие дрвја затоа што имавме поплаки од станарите на неколку згради кои се жалеа дека гранките им влегувале во прозорците и балконите. Тие дрвја се стари повеќе од педесет години. Наша определба е на местата на исечените дрва, да посадиме нови садници“,изјави градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за СДК.

Популарно