Ирена Ристиќ: Напаѓачот е ротвајлер трениран за борби во сопственост на поранешен полицаец

Скопје, но и цела Македонија деновиве доживава драма, по нападите на ротвајлерот на дечиња во Аеродром, но и по труењето на уличните кучиња. Актерката Ирена Ристиќ пред неколку часа на својот ФБ профил напиша статус во кој вели дека с ее  игра на МВР и дека напаѓачот не е истото куче кое е уловени и чека да биде усмртено.

Еве што се дозна!

МВР, на вас е се' ова да проверите и да реагирате!

- Заловената женка на која и се закануваат со усмртување, не е напаѓачот - има сведоци

Кучката има една година и веќе некое време се споделува по фб во потрага по нов дом! И треба да си ептен неук, да не направиш разлика меѓу агресивен мажјак и женка која весело мавта со опашка, како и крајно несовесен да ја убиеш за да испереш раце пред народот као демек си завршил работа!

- Вистинскиот напаѓач е возрасен, прилично голем пес Ротвајлер, трениран за борби, во сопственост на локален мангуп од Аеродром, бивш полицаец, со прекар Кинез!!! Наводно, сите му се плашеле, имал врски и поддршка во МВР, борел кучиња за огромни суми... луѓето кои го посочиле, веќе добиле закани по живот!!! Практично, сега сите сме негови заложници!!

Во моментот на нападот, Ротвајлерот и' се отпуштил од ланец на некоја девојка која го шетала...И за ова има сведоци!!! Моментално е скриен некаде, а наместо него и неговиот газда, испаштаме сите! Секое напуштање на домот е врвен стрес поради неизвесноста дали ќе се вратиме колку што сме искочиле!!!

- Отровот го знаете, знаете кај се продава, кој го продава и под кои услови. Одете им!!!

- На мрежите и на ТВ, со име и презиме ги имате сите кои повикуваа на масовно истребување...

- до моментов има над 50 отруени животни, ни криви, ни должни...

- дали ја чекаме првата човечка жртва?!

Фаќајте се за работа, ова искача од контрола!!!

Пред малку актерката објави уште еден статус, во кој напиша дека е одложена еутаназијата на уловената кучка

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно

Регионалниот Центар за управување со кризи - Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк - шумата Водно.

Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.

- Од полициската станица - Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Опожарено возило во гаражите на „Ист гејт мол“

Во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје, попладнево во гаражите било опожарено едно возило, по што интервенирале од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Пожарот бил локализиран и нема повредени. По увидот на надлежните служби, како што информираат, трговскиот центар продолжил да работи.

Како што информираат од МВР, во 18:45 часот настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло" со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А. (62) од скопското село Кондово.

-  Пожарот бил локализиран. Повредени лица нема, се вели во соопштението од МВР.

Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации, како што информираат од трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, биле активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани, а како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица.

Од Пожарна за МИА информираа дека интервенирале со едно возило, по пријава од посетители на молот.

- Завршена е интервенцијата. Станува збор за опожарено едно возило. Службите во „Ист Гејт“ веќе почнале да го гасат. По реакција од посетители, испратено е едно возило со шест пожарникари, информираа за МИА од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

По увидот на надлежните служби, трговскиот центар, како што информираат од „Ист Гејт Мол“,  продолжил да работи со редовно работно време до 22 часот. 

Популарно