Миленко Неделковски: Ротвајлерот што ги нападна дечињата е на судијка од Ново Лисиче

Откако, денеска актерката Ирена Ристиќ на својот ФБ профил напиша статус во кој тврди дека заловениот ротвајлер кого го чека смртна казна, не е кучето што ги нападнало дечињата во Аеродром,  слично тврдење на ФБ објави и Миленко Неделковски. 

Разликата е во тоа што според актерката ротвајлерот што ги нападна децата е на поранешен полицаец, додека новинарот тврди дека истиот и припаѓа на судијка.

Искршени автомобилите на Шилегов и неговата сопруга, „ауди А5“ и „ауди Q5“

Непознат сторител ги оштетил автомобилите на скопскиот градоначалник Петре Шилегов и на неговата сопруга, кои биле паркирани пред зграда на улица Хелсинки.

Од МВР информираат дека синоќа околу 23.10 часот, лицето Ш.Ј. (49) од Скопје пријавила дека во периодот од 17,00 до 22,00 часот на 18.04. на ул. “Хелсинки“, поточно во паркингот пред зграда од страна на непознат сторител, биле оштетени нејзиното патничко моторно возило марка “Ауди К-5“, со скопски регистарски таблички и патничкото возило “Ауди А5“ исто така со скопски регистарски таблички, сопственост на нејзиниот сопруг Ш.П.

Притоа, констатирано е дека на возилото на пријавителката извршено е оштетување на предното лево крило, предниот лев фар , предната и задната лева врата и задното крило, а кај второт возило оштетено е предното лево крило, предната лева врата, задниот лев штоп и задниот гепек. Оштетувањето сторителот го извршил со употреба на физичка сила и остар предмет и незабележан од некого напуштил лице место.

Со оштетувањето причинета е материјална штета која дополнително ке биде утврдена. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Моделите на Ауди автомобили кои ги возат градоначалникот на Скопје и неговата сопруга може да ги погледнете подолу.

Утре пола Скопје без вода: Водовод ќе менува затворач на водоводна мрежа

Од ЈП „Водовод и канализација“ известија дека утре, поради промена на затворач на водоводна мрежа, без водоснабдување ќе останат корисниците од три скопски општини.

„Од 9 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе останат корисниците од Гази Баба, Чаир, Кале, Топанско Поле, Скопје Север, Бутел 2, Железарница и високата зона Автокоманда“, соопшти Јавното претпријатие.

(ВИДЕО) Граѓанин на Ѓорче Петров на полицаец во лице: Ќе ве тепаме тука!

По сообраќајката во Ѓорче Петров пред неколку дена, во која 10 годишно детенце беше повредено, граѓаните на скопската општина два дена протестираат во населбата.

Видеото снимено од А1он.мк јасно покажува со каков проблем се соочуваат жителите и кој ги изневерил.

Популарно