(ВИДЕО) Судиите и гледачите во шок, канадскиот пар лизгачи премногу интимни во изведбата

Судиите и гледачите во Пјонгјанг останаа во шок по настапот на канадскиот пар кој бил премногу интимен во текот на својата точка на ледот. Парот кој го носел знамето на Кнада на отворањето на ЗОИ бил премногу близок во некои потези што судиите морале да ги предупредат да ги смират страстите. „Сакавме да изведеме нешто поинакво“, рекла Теса по настапот со што ги оставила гледачите во благ шок. „Со нашиот настап сакавме да ја покажеме близината, да внесеме малку секусалност и современ поглед на работите. Мислам дека успавме“, додава Теса. Погледнете и вие романтичниот танц:

ФОТО: Новата насловна страна на магазинот GQ со Серена Вилијамс

Тенисерката Серена Вилијамс беше прогласена за жена на годината од страна на магазинот GQ. Иако досега имале навика тие титули да им ги доделуваат само на мажи, оваа година направиле исклучок па ѝ доделија на една жена.

Глумците кои биле прогласени за мажи на годините се Мајкл Би Џордан, Хенри Голдинг и Џона Хил, а секој од нив вклучувајќи ја и Серена доби своја насловна страна. 

Но, еден детаљ на насловната страна на Серена ја разбесни јавноста и магазинот се најде на мета на критики.

Имено, како што можете да видите, на насловната страна со маркер е пречкртан зборот "men" и над него е напишано "woman", но нивниот обид да бидат креативни поради еден детаљ во јавноста беше толкуван како навреда на сметка на изгледот на Серена. Станува збор за наводите кои овде се навистина непотребни, бидеќи Серена е очигледно жена.

А како што знаете, Серена за време на нејзината кариера поради исклучителниот тениски талент и мускулна градба често била нарекувана маж, па овој потег на магазинот беше непромислен.

Некои укажаа и на фактот дека ги изоставиле наводниците кога титулата ѝ ја доделиле на Гал Гадот што не им оди во прилог, но никој од овластените лица од магазинот не ја искоментирал цела ситуација.

Вардар поразен од Шкупи

Иако екипата на Шкупи се наоѓаше пред самото дно на табелата во ПМФЛ, но во скопското дерби со Вардар освои значајни три бода (1-0), со што го напушти „фенерот“ и направи чекор напред во борбата за опстанок.

Мечот на „Чаир“ го одбележа Суат Зендели, кој го играше последниот меч за тимот и замина во пензија. На натпреварот немаше многу шанси, а победата за домашните ја донесе еден погодок кој падна во средината на второто полувреме. 

Мечот чекаше на својата прва шанса повеќе од половина полувреме, затоа што во 38. минута домаќинот имаше прв прилика за гол, но Филип Гачевски одлично го одбрани шутот на Рон Броја. Неколку минути подоцна првпат се закани и Вардар, преку најистурениот Лира, но Алексовски беше на висината на задачата.

На паузата се замина без голови, а се играше мирно се до 54. минута, кога Лира повторно имаше шанса за Вардар, но не ја искористи. Казната за пропуштеното дојде во 57. минута, кога Броја нафрли од десната страна, а Сержињо налета на топката со глава и го совлада Гачевски, за радост на „Чаир“ (1-0).

Што вели менаџерката на Шумахер за состојбата на поранешниот возач на Формула 1

Менаџерката на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер – Сабина Ким им се заблагодари на сите негови фанови за поддршката што му ја даваат на пилотот, кој се опоравува по тешката повреда со која се здоби при скијање.

– Ви благодариме на сите за поддршката. Многу е пријатно да видам плакати и постери во чест на Шумахер. Секоја помош е пријатна за нас. Здравјето на пилотот? Не сакам да зборувам на оваа тема, не можам да дискутирам за лична семејна тајна, вели Ким, цитирана од „Мирор“.

На 29 декември 2013 година, Михаел Шумахер заработи тешка повреда на черепот и падна во кома, откако доживеа несреќа при скијање на француските Алпи. Во јуни 2014 година Германецот излезе од кома и почна рехабилитација во Швајцарија, но речиси воопшто нема информации околу неговата здравствена состојба.

Популарно