Сведоштво: Од она што го видов на каса ми се згади Велигден!

На сајтот „net.hr“ се појави текст на еден читател кој дава реална слика за состојбата во Хрватска, но која може да се прифати речиси во сите земји од регионов, а се однесува на економската ситуација која особено доаѓа до израз пред големите празници, како што е претстојниот Велигден.

Пораката била мошне читана и предизвикала лавина коментари….

-Стојам во непрегледен ред на касата, продавницата е преполна со луѓе кои набавуваат продукти пред Велигден. Попатно поголемиот дел од нив во корпите имаат шунка, јајца, кока-кола и некои колачи.

Пред мене стои млада девојка, бринета, ниска по раст и малку полничка, не би и дал повеќе од 25 години. Бидејќи продавницата ми е во близина на куќата доаѓам тука секој ден ја препознав дека е една од вработените.Секогаш е во движење, трча од една стана на друга во продавницата, колку што забележав повеќе работи од своите колешки, турка гајби со пиво, реди нови производи на полиците, трча до брзата каса и наплатува на нестрпливите купувачи, ќе скокне до инфо-пултот љубезно слушајќи ги рекламациите и стигнува се одеднаш, без застанување, без одмор.

Се загледувам во лицето, на него се гледа умор. не оној умор кој се чувствува по некоја смена на работа, туку умор зад кој се затскриваат наслаги и наслаги умор од секојдневно прекувремено одработени часови, од константна болка во грбот од кревање тешки товари…Косата и е мрска и неуредно врзана во понџичка, очите и се празни и гледаат во најблискиот ѕид.

Го спуштам погледот на подвижната лента и гледам две мали пакувања шунка, две парчиња чоколадна торта во пластично пакување и литар евтино вино.

Доаѓа на ред на касата на која се две нејзини колешки, една млада, другата постара, околу 40 години, тазе офарбана во косата со некоја бесна фризура. Според држењето и изгледот се гледаше дека и е надредена. Постарата колешка и се обрати по име и ноншалантно и довикна:

-О, Ирена, па ти имаш шункичка, винце, колачи, се подготвува некаква прослава:, како суптилно да ја зафркаваше.

Девојката полузаинтересирано, видно изнемоштена и исцрпена од работа, без трукна живот и енергија во себе, одговори:

-Што ти е, па мене ова овде ми е недосонуван сон. Ова брат ми ме испрати да купам, и тој плаќа, нема јас пари за нешто такво драга. не се сеќавам кога последен пат сум пробала шунка или сум изела ваква торта. Немам пари ни за фризура веќе со месеци.

Без ниту еден збор во воздухот остана се неизречено. Премолчено помирување-така е, штоможеме, подобро сигурно нема да ни биде. Уште еднаш ја погледнав со крајот од окото и забележав една пригушена солза која со сите сили се трудеше да ја задржи и сокрие да не падне пред нејзините колешки или непознатите купувачи. Можеби едно парче торта е за неа, можеби ќе проба и шунка за Велигден, но немаше пари самата да ги плати.

После се девојката дојде мојот ред на каса. Додека овие мисли ми поминуваа низ глава, чувствував срам, гадење и без. Оваа девојка која работи како три коња заедно, немаше пари за ниту еден велигденски појадок.

Скопјанка: Ова утро в автобус две тетки беа доволни гласни за да започнам кавга

Рано насабајле накај работа цела стуткана во капут седнувам на горниот кат од 57ца.Пред мене две тетки размуабетени, си велам ова ќе биде долго патување од Радишани до Центар.

Знаеш син ми наполни 21 година не се запиша на факултет, ете заврши средно.Си станува во 1 попладне обавезно мора да го чека доручекот на маса ако не веднаш ми се јавува и почнува да ме критикува.О, па ако не му се испеглани алиштата одма се лути.

Па како така толкав маж од мајка му да чека што не го тераш да работи ете кола сте му купиле нека врти такси, може да работи на пумпа, маркет..

Молам за 15 илјади, па не си го пуштам детето да ми мрзне или не дај боже како таксит некој да го изнатепа, нека си седи дома.

Се изнервирав слушаќи ги, не можев да се воздржам беше посилно од мене и се обратив на тетката која го штитеше синчето.

- Се извинувам госпоѓо ме гледате мене јас имам завршено Правен факултет со просек од 10.00 точно на време дадени испити. И да ви кажам секое сабјле се мрзнам чекајќи автобус до работа патувам 40 минути низ гужвиве, работам 8 часа, честопати прекувремено, нема да ме прашате колку зимам плата?Госпоѓата подголтна, занеме...Платата ми е 12 илјади, а некогаш на газдата ќеиф му е да ни скрати и по 2000 денари, без да ни каже зошто. Се повлеков и ставив слушалки на уши, жената се сврте напред и престана да збори.

Се прашувам зашто некои луѓе сами си ги прават децата да им бидат неспособни.Па уште ги охрабруваат да не се мачат.На секој ќе му биде убаво да лежи дома до 1 попладне и со прст да не мрдне зашто тато и мама ќе му дадат.

Не разбирам, но очигледно дека со ваков однос, без амбиција, работно искуство мислат дека ги чека директорска позиција?

Еве зошто ајварот не се прави во октомври

Aко не сте направиле ајвар во септември, во октомври немојте ни да го правите – барем така велат старите народни обичаи и календари.

Според обичајниот народен календар,  деновите по 15 септември се вистинско време за почеток на правење на ајвар, но и друга зимница, вели обичајниот народен календар. Најдобро е да се здружите со соседите или членовите на поширокото семејство, бидејќи правењето на ајвар и други традиционални зимници има и широко општествено значење. Така во првата половина на ХХ век беше обичај во селата и градовите да се соберат жени во големи дворови каде со размена на искуствата и дружење подготвувале храна за зимските месеци.

Заеднички ќе купите пиперки, ќе ги испечете, олупите, сомелете и со муабет и смеа ајварот е готов. Ајварот правете го кај некој кој има двор или куќа на село, пишува покрај останатото во обичајниот народен календар.

Еве што треба да направите за да имате цврсти и убави нокти

Речиси дваесет проценти од луѓето на Земјата страдаат од кршливи нокти. Експертите не можат точно да утврдат која е причината, но истакнуваат дека виновници се детергентите, отстранувчите на лак за нокти и честото миење на рацете.

Други фактори се сувото и студено време, како и проблеми со тироидната жлезда. За среќа, природниот лек за кршливи нокти се наоѓа во храната. Во секојдневната исхрана треба да бидат застапени производи од интегрални житарки, лиснат зеленчук и соја, тиква, морков, авокадо, бадеми, риба и јајца.

Овие намирници содржат витамин Е, витамин А и колаген кои ќе ви помогнат да имате поздрави нокти. Ако ноктите се сè уште слаби и кршливи, тогаш посетете салон за убавина каде ќе се погрижат за изгледот на вашите нокти.

Нашите пријатели од Spectra Nail Bar користат препарати збогатени со витамини и минерали, посебно дизајнирани за ноктите да ви бидат повторно цврсти, а кожата на рацете мека и сјајна. Вашиот термин може да го закажете на 078 873 703.

Популарно