(ФОТО/ВИДЕО) Во оваа ТВ- серија има повеќе порно сцени отколку во прнофилм

Во десетте епизоди од втората сезона во серијата „Версај“, има повеќе од 30 секс сцени со рејтинг Х (17+), пишува Дејли меил.

„Версај“ го следи времето на владеењето на кралот Лудвиг XIV и изградбата на резиденцијата на француските кралеви – Версајската палата. Буџетот на серијата беше околу 30 милиони долари, а во 2015 година стана еден од најскапите телевизиски проекти во историјата на Франција.

Серијата изобилува со порнографски сцени, вклучувајќи и сцени на насилство.

Судејќи според реакцијата на француски и англиски гледачи, ова не е особено добро.

Еден од гледачите на оваа серија коментира: „За дваесет минути од епизодата- има само еден лошо напишан дијалог, но важно сите се голи?“

Новата сезона се очекува наскоро.

ВИДЕО: Голема змија ги шета снименна во студентски дом во Скопје

Студентите кои престојуваат во домот „Стив Наумов“ денеска беа изненадени од неочекуван посетител.

<div id="mvp-content-body-top" class="left" relative"="" style="margin: 0px; padding: 0px; border: 0px; vertical-align: baseline; outline-style: none; float: left; width: 820px;">

Имено, според објавите што некои од нив ги споделија на социјалните мрежи змија се појавила пред една од бараките на студентскиот дом. Студентите кои со затоплувањето на времето започнале да ги отвораат прозорците од своите соби, стравуваат дека во летниот период би можеле да добијат несакан цимер.

Некои од нив сметаат дека причината за појавување на змија во непосредна близина на влезот на една од бараките, е неискосената трева во дворот на студентскиот дом.

Студентскиот дом Стив Наумов е лоциран во населбата Автокоманда и е составен од три згради и 8 павиљони. Првите две згради се изградени во 1964 , додека третата зграда е изградена во 1992 година. Пред неколку години, во употреба беа пуштени новите павиљони кои никнаа на местото на старите бараки. Во нив се смета дека има најповолни услови за престој на студентите, за разлика од останатите делови за кои студентите во многу наврати се жалеја дека има екстремно лоши услови за живот.

 ВИДЕОТО погледнете го ТУКА

ВИДЕО: Тригодишната ќерка пукала во бремената мајка

Тригодишно дете од Индијана случајно пукало во својата бремена мајка со пиштолот на својот татко, додека биле на паркинг. Мајката е во критична состојба.

Двесет и едно годишната Шанек Томас, која била во шестата недела од бременоста, ранета е денеска во рамото пред маркет во Маривил.

Полицијата рекла дека Мензо Брејзер, момчето на Шанек и татко на нејзините две деца, оставил наполнет пиштол помѓу конзолата и предното седиште, пред да отиде во маркетот.

Неговата тригодишна ќерка некако го дофатил пиштолот и несакајќи пукала. Куршумот поминал низ седиштето и ја погодил мајката во десното рамо.

-Девојчето не е свесно што сторило. Многу се исплашило - рекол детективот Џејмс Богнер.

Мајката успеала да ја отвори вратата од автомобилот и паднала на земја, додека двете деца седеле во автомобилот.

Луѓто веднаш забележале што се случува и дотрчале да ѝ пружат помош на мајката. Мајката веднаш била превезена во болница, а таткото обвинет за доведување деца во опасност. Децата се сместени во социјална служба.

ФОТО: Жељко ја снимил вереницата додека биле голи во када...!

Вељко Ражнатовиќ моментално ужива во љубовта со бившата кошаркарка Богдана Родиќ кои неодамна се верија.

Синот на Цеца својата вереница ја однел во Барселона, па со сликата од спалната соба заинтригирал многумина.

Вељко и Богдана од моментот кога стапиле во врска постојано се заедно и никогаш не се одвојуваа. Заедно заминале на одмор во Шпанија, каде што уживаат во вереничките денови.

Парот неколку дена престојувал во Барселона, а колку многу се сакаат и уживаат кажуваат сликите кои секојдневно ги покажува на социјалните мрежи.

Тоа се случи и овој пат, бидејќи Вељко го сликнал интимниот момент со својата вереница и тоа од када, каде што вереницата воопшто и не забележала.

Популарно